ЦИМЕТО НЕ ГО ДАВАМЕ!

01.09.2018 15:46
ЦИМЕТО НЕ ГО ДАВАМЕ!

Во Фејсбук разговорот учествуваат Тања Аждаја, Дарко Димитровски, Бети Павлеска, Милан Дамјаноски, Оливера Ќорвезироска и Владимир Мартиновски

Тања Аждаја
Фабрика за еротски зачини во Куманово: КУРКУМАНОВО.


Дарко Димитровски
Во превод: за шпански мушици.


Тања Аждаја
Тепалка за некои шпански мушици ли е тоа?!


Бети Павлеска
КУРКУБЕТА - тиква, на влашки јазик.


Тања Аждаја
Да беше конкубета ќе ја баравме да прати CV за вработување во фабриката.


Милан Дамјаноски
Ладен чај за потенција „Чили Вили“ со заштитно лице Ристо Самарџиев.


Оливера Ќорвезироска
Има и други градови податливи за зачини, ма: Бибертола, на пример.


Тања Аждаја
Тебе за везачки занаети ти ја чувам Ѓергевгелија.


Оливера Ќорвезироска
Пробистих.


Тања Аждаја
Валавандово.


Милан Дамјаноски
Зајреодром.


Владимир Мартиновски
БИБЕРово, КИМаново, СОЛмица, АЛПИПЕРија, Титов ВЕГес, Демир КАРИја.


Владимир Мартиновски
Фабрика за афродизијак во село Сиричино: ЃУМБИРИЧИМО.


Оливера Ќорвезироска
Поздрав од село Коријандарци!


Владимир Мартиновски
И од село Горно Мускатово.


Оливера Ќорвезироска
И од Каричка свадба.


Владимир Мартиновски
Село Кривоќубрица.


Оливера Ќорвезироска
Леле, ги заборавив Старо Нагорничино и Младо Загорничино.


Владимир Мартиновски
Долнокопарево.


Оливера Ќорвезироска
Сусамсалино.


Тања Аждаја
Јас мислев јас сум откачила со збороблиците, но гледам имало и Полошко! ЦИМЕТО НЕ ГО ДАВАМЕ!!!

Оливера Ќорвезироска
Да мавнеме по еден Дајран, да се освежиме, папсавме.


Тања Аждаја
Па што ни е крива паланка што сме подмочани.


Оливера Ќорвезироска
Да, бе, сега дојде свежа, ја и Влатче цркнавме више, нѐ фаќаш на кондиција.


Тања Аждаја
Па и вам свежина да ви магдонесам.


Оливера Ќорвезироска
Ја по босилеколечење сум.


Тања Аждаја
Е ја по мирудијаспора.


Оливера Ќорвезироска
Се вика мирудијабавна, јас лектор сум.


Тања Аждаја
Не ми паѓа на крај памет да го преиспитувам твоето лекторирање, за мене тоа се ментолни окови.


Оливера Ќорвезироска
И окови и рокови и скокови.


Сики Шпанец Сики
Поздрав од Сирипичино.


Димитрие Дурацовски
Ме воодушевувате со вашата остроумност, посебно Аждаја. Кај ви текнува - Цимето не го даваме. Генијално.


Оливера Ќорвезироска
ДА! Тања е генијална, а „Цимето не го даваме“ е победник на вечерта! Честам што ја откривме!


Тања Аждаја
Ништо мене не ми текнува, само препишувам од музиве.

Цртежи: Брадестиот Џо

Слични содржини

Книжевност

ОкоБоли главаВицФото