Чив ав ав беше тоа?!

04.10.2019 16:51
Чив ав ав беше тоа?!

Во разговорот учествуваат Владимир Лукаш и Тања Аждаја.


Владимир Лукаш
Нервозна кучешка раса - пичкуматериер.


Тања Аждаја
Куче што се труди, ама не го бива: аматериер.


Владимир Лукаш
Куче со чир - шнаулцер.


Владимир Лукаш
- Динго, од каде си?
- Ав, австралија!


Тања Аждаја
Да беше од Тиквеш ќе беше гроздоберман.


Владимир Лукаш
- Многу ти е прашкаско кучево, што раса е?
- Пудрица.


Владимир Лукаш
Куче терорист - вУЧКјак.


Тања Аждаја
Куче што го мрази Веро: далматинекс.


Владимир Лукаш
Кучешки бенд - The Labradoors.


Тања Аждаја
Кучето на Хитлер: ауШпиц.
Куче музичар: битбул.


Владимир Лукаш
Тоа е народно куче :)

Тања Аждаја
Куче со криза на идентитет: китбул.
Непостоечко куче: митбул.


Владимир Лукаш
Гратис куче - догага.


Тања Аждаја
Турско куче: ерДога.


Владимир Лукаш
Куче кое шета низ чаршија - кане корзо.


Тања Аждаја
Селско куче: опинчер.


Владимир Лукаш
Куче кое пие виски - чивавас регал.


Тања Аждаја
Чекај... чив ав ав беше тоа?!


Владимир Лукаш
Време е за музичко интермецо:
Чиваааавааа сииии
кому лаежи му ноооосииииииш...

Владимир Лукаш
Итро куче - пудлисица.


Тања Аждаја
Ти си ова или шар пеи?


Владимир Лукаш
Куче кое пее на Шара - шар пеи.
Земјоделско куче - бостан териер.


Тања Аждаја
Чушки сетер :)
Безобразно куче: ротвоајер.


Владимир Лукаш
Страшно куче - језавичар.


Тања Аждаја
Куче зелкар: сармојад.


Владимир Лукаш
Монденско куче - ирски џет сетер.


Тања Аждаја
Кучешко писмо: хаски код.


Владимир Лукаш
Месарско куче тренирано од ИРА - ирски сатар.
Куче со холестерол - свински мастиф.
Куче со подвоена личност - бернардинго.


Тања Аждаја
Најпознато венецуелско куче: Булдог Чивавез.
Куче акустичар: Звучјак.


Слики: John Charles Dollman
Сроден прилог

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото