1017 hPa
94 %
13 °C
Скопје - Нед, 09.11.2025 20:59

Дека исклучително добрите дела, кои на одреден конкурс нема да бидат избрани како најдобри, понекогаш го наоѓаат својот пат до успехот, пофалбите, наградите и коментарите на јавноста, сведочат и постерите на младиот дизајнер Ален Кларк за дел од визуелниот идентитет на Олимпијадата која во 2012 г. ќе се одржи во Лондон.
За разлика од официјалното лого кое е избрано да ја претставува Олимпијадата, за кое се појавија многу реакции во јавноста и стручната критика, плакатите на Ален Кларк, кои последниве години ги обиколија сите светски портали и списанија, добија само пофалби и сјајни коментари, како и неколку важни награди, и станаа вистински хит на порталите за дизајн. Едноставноста, логичноста, оригиналната интерпретација и исклучителното комуницирање со гледачот се основните карактеристики на постерите на младиот дизајнер. За да видите зошто се појавуваат само пофалби за овие постери, погледнете подолу.





Извор: alanclarkegraphics.com