Сончеви протуберанци

25.10.2018 16:35

Се шират како 'рѓа сончевите дамки:
од јаболкото на сонцето отровни 'ркулци 'ртат.
Поради нив самоубијците си навлекуваат јамки
а наеднаш полудените во кругови се вртат.

Во телефонската централа, со расплетена коса,
една телефонистка по цел ден пелтечи и блада.
Гулабите-писмоносци писмата не ги носат
туку им ги вадат марките и во сласт ги јадат.

Но најстрашна работа е со радио-брановите.
Ниедна од вестите повеќе не точна.
Се престасуваат и се мешаат старите и новите
и светот мисли дека вчерашните војни од утре ќе почнат.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото