Бејби, надвор е студено

27.12.18 03:42

Песната „Baby it's cold outside“ иако од 1949 година, кога била наградена со Оскар, се смета за една од стандардните празнични теми, од минатата година поради движењето #MeToo стана контроверзна.

Активистките тврдат дека се работи за сексистичка песна, а годинава некои радија во САД ја тргнаа од своите програми.

Така, водителот на радиото WDOK во Кливленд, Глен Андерсон вели: „Сфаќам дека во 1944 година кога била напишана песната било друго време, но сега читајќи го текстот гледам дека е манипулативен и погрешен. Светот во кој живееме сега е екстра чувствителен и луѓето лесно се навредуваат, но во свет во кој #MeToo на жените им го даде гласот кој го заслужуваат - нема место за ваква песна“.  

Извор: Youtube

 

ОкоБоли главаВицФото