1026 hPa
86 %
0 °C
Скопје - Пон, 20.01.2025 16:59
Ивана Харикли, позната како SEERma, објави нов музичко – поетски спот со наслов „Алишта“.
Текстот и вокалот се нејзини, додека музиката е на IWASS. Песната е римејк на „Алишта“ од 2015 на Петар Јовановски и Михајло Стојанов.
Харикли е авторка и на проектот „Македонско девојче”, за кој соработуваше со Баже ДСЦ, Druggy, IWASS и Јордан Костов. Претходно, заедно со Димитар Додовски (‘Potential worlds’) учествуваше на „Десонанс” фестивал, 2015 година. Има и неколку гостувања на „Поетри слем Македонија”, „Астални проекции”, „Пич прич” слем, фестивалот „Друга приказна” „Скопје тест”, „Локомотива“ и „Песнило“.
Извор: Youtube