Вљубените диносауруси

12.03.20 15:02

„Вљубените диносауруси“ е официјалното видео за песната на едно 3-годишно девојче од Лондон. Во режија на Хана Џејкобс, Кети Ванг и Ана Гинсбург, во пастелни бои се прикажани два диносауруси кои си грицкаат краставица и уживаат во забавата, пред да настане тажниот пресврт и тие да загинат во Биг Бенг или Големиот тресок. Режисерките го изработиле овој изненадувачки трагичен филм користејќи 2Д анимација.

Кон крајот на јануари, Том Розентал објави видео на Твитер со неговата ќерка Фен како ја пее кратката мелодија која искрено зборува за животот и смртта. Таа стана споделувана на социјалните мрежи, а ова е видеото според таа детска песна. 

Извор:Vimeo

ОкоБоли главаВицФото