Антологии на градот

27.12.2018 11:41

Овој град многу сака антологии.

Ако би бил личност сите би го нарекле осамен,

а сите тие се тука некаде.

Овој град го собира чадот од цигарите на целиот полуостров,

а сепак тука не ни се пуши по кафичи.

Кога сакаш да запалиш некоја мора да излезеш надвор

на туѓиот чад и

пцуеш.

Овој град сака скршени сезнајковци,

свршени релации,

тесни мрежи.

Овој град има само наивни љубовници.

Во овој град присуството се заработува со расфрлање на презимиња.

Град на лажливи чичиња што се дигаат само

кога си го дигаат, моќно, а за да биде такво само врз кикички.

А градов врска нема со оние што го празнат.

Градов е луда ризница.

Уште да пишувавме искрено, ќе прснеше ова ранливо скопјенце

....и одново....

сврши?

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото