Семето на анксиозноста

13.02.2019 17:28

Внимателно чекорам

Врз ситните парчиња стакло

Што се цаклат од очите

На пријателот со срце

три пати поголемо од моето

И се чудам колку лесно исчезнувам

Во неговите развлечени усни

Што тераат на смешка

Секогаш кога ќе забележи

Дека од мене блика очај

Како карикатура без текст

Го голта мојот безизлез

И вели Дојди, дојди

Дојди во аголот на моето ново око

Дојди под мојата мрежница, дојди

Намести се така што да бидам цел

Намести се така што да не морам никогаш

Да те напуштам

Намести се да нема експлозија

при допирот со јајце клетката

што неминовно ќе сака да ме зграпчи

без ниту знаејќи ме

да го испие сокот од мене

да ме има

во својата корупка од варовник

и безнадежност

да се вика со моето име

да ме цеди

да ме јаде да ме гали

да ме паничи

да го наоѓа истиот очај

да ме вшмукува

во чадорот под мрежницата

но, секако дојди

и намести се така

што да бидам цел

и моето семе во твојот трезор да го чувам

Дојди, не се плашам од тебе,

Иако знам сѐ за твојот престој

во глупата Амазонија

и не сум твоето алтер его

Не сум олицетворение на твојата закопана љубов

Повеќе сум од твоето имагинарно ништавило

А сепак не можеш да ме имаш

Зашто тоа е најлесниот начин

Да се влезе во лавиринтот

На немањето каде

Откако ќе се испуши последната цигара

Дојди без долната облека

И качи се на престолот на она што не може да чека

Намачкај се со тоа проклето семе на човештвото

И не голтај

само дојди

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото