Коцкарска храброст (Alea iacta non est)

21.10.2019 16:09

Посветено на сите што немаат храброст да ја фрлат коцката

Макрон

Не ја премина Рубикон

Мислеше два пати во иста река

Не се влегува

Ај што не ја помина реката

Но и коцката не ја фрли

Ај што не ја фрли коцката

Туку и слоновите не ги виде

Ај што не ги виде слоновите

Не ги виде ни жирафите

Ни чипките

И мачињата

Остана Ленка

Во мрачната готска катедрала

Да везе

Дипломатски пцовки

И да ја лепи скршената

Кинеска вазна

Што ја скршија слоновите

Кога Меркел рече

Чипката ти

Мачињата

Јас

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото