МВР откри терористи: Се преговара за помирување и вработување

16.02.2019 23:45
Мвр откри терористи: Се преговара за помирување и вработување

Вчера беше соопштено дека МВР открила терористички ќелии во Македонија и дека е зголемен ризикот од напад. Но по сѐ изгледа дека состојбата се смирува.

„Разговараме за помирување со терористите, сепак ова е општество за сите и не е прв пат да се помириме со терористи. Сѐ уште се договараат деталите за нивно вработување па не би брзал со заклучоци“ изјави Оливер Спасовски.

Според наши извори тие нема да видат вработени во ЕЛЕМ затоа што нема место од роднините на Мира.

Извор: Фчерашни Новости