Цела Македонија реално шоу

20.10.2010 10:33
Searching-for-Paradise-Shuichi-Nakano-05.jpg
Оние што го чекале Годо барем знаеле кого чекаат.
Ние кого чекаме?

Се присетувам на една епизода на „South Park“ во која главните ликови откриваат дека земјата е реално шоу на некој-си сојуз на вонземјански цивилизации. За сопствен сеир и забава овие вонземјани на планетата Земја иструполиле различни раси, религии и нации и во такви исценирани услови им го фаќаат сеирот. Гледаат како се однесуваат, како војуваат, како се борат за својата егзистенција, за своите идеи и така натаму.
 
Во еден траги-комичен развој на настаните сè повеќе си помислувам дека и нашава мила татковина и мајка Македонија е токму тоа, реално шоу, но овој пат за остатокот од планетава. Македонија почнува да наликува на некакво експериментално поле во кое ѓоа понапредните земји, унии, сојузи и слично, гледаат и проучуваат до кај се границите на човечката издржливост и снаодливост во услови на зададен неред и хаос.
 
Да видиме колку е оваа претпоставка за инсценираната реалност која ја живееме издржлива:
 
Преживување (Фарма, Преживеан/Survivor и сл.)
 
Еве на пример концептот на реалното шоу Фарма е речиси пресликан во денешнава Македонија: редица различни ликови и фацки струполени во материјално-технички услови од пред 100 години во борба за сопствена егзистенција. Една третина од домашната популација практично си игра Фарма и Преживеан во грчевит обид да го преживе ова шоу на живеење во супстандардни и ретро-услови. Од кога почнавме повеќе да се занимаваме со минатото од иднината, некако нагло и сегашноста ни се уназади, рончи ли се рончи и склизнува накај минатото, најмногу во смисла на услови за живеење, разбирање на светот и така натаму. Дента кога ги видовме чилеанските рудари како излегуваат на светлина на сонцето по 69 дена затрупани под земја, и како светот им се восхитува на издржливоста во нечовечки услови, си помислив дека нивната издржливост споредена со издржливоста и тврдокорноста на нашите сограѓани е гола вода: дојди братко овде да видиш што е уметност во живеење во супстандардни услови!
 
Трансформација (Extreme Makeover, Swan и сл.)
 
Ова реално шоу го играат пробраните поединци и групи кои добиваат на одредено значење во општеството и запоседнуваат некаква јавна функција. Промените се веднаш воочливи: за разлика од светскиот тренд на разубавување или слабеење нашите реал-мајстори стануваат подебели, помрсни и „освежени“, а како и да не бидат кога за нив не постои доста и доволно: гнети, бе, додека не ти се смачи, ова се твоите 5 минути!
 
 
Барање работа (Apprentice, Project Runaway, и сл.)
 
Колку млади, надежни и талентирани се впуштаат во ова реално шоу не знаејќи какви сè искушенија ги очекуваат во натпреварот за работно место! Сплетки, не-фер-играчи, местенки, сопки, протежирања, непотизми, и што ти сè уште не. Интригантноста на оваа игра кај нас е доведена до тој степен што ниту едно странско реално шоу не може да се спореди со нашево шоу.
 
Инстант ѕвезди (Idol, Talent, и сл.)
 
Нигде другaде на планетава наша продуцирањето на инстант ѕвезди не е така развиено како кај нас! Ма, тоа довчерашни анонимуси, талентирани аналфабети, опскурни фаци и ликови, преку ноќ стануваат не само ѕвезди, туку и истакнати членови на заедницата и општеството. Многумина од нив се толку „талентовани“ што по брза постапка ги праќаме да нè претставуваат и надвор. Како да држиш такви талентирани „ѕверки“ во овој наш кафез? Инстант ѕвезди кои знаат како да им се угодат на оние кои решаваат и ги носат големите одлуки во ова наше општество, е нешто со што можеме прилично да се изгордеме.
 
Љубовџиски шоуа (Bachelor, Temptation Island, и сл.)
 
Уф, колку вакви шоуа има кај нас! Од кај да почне човек? Едно од најпопуларните љубовџиски шоуа е кога медиумите и новинарите ќе се изнаредат, онака на купче, исто како и во американските ерген-шоуа, па се обидуваат да му се додворат на политичкиот моќник. Па се шмекаат, па нешто си шепотат, па држ овака, држ онака, а политичарот, прво ќе ги исподружи сите, на седенки и романтични вечери, ги запознава подобро, па ќе си разменуваат љубовни пораки и гушкања, па медиумите се обидуваат да му угодат, и да го навлечат на стабилна врска. Вистинска романтика.
 
Ете драги и почитувани, ако некогаш ви се смачи да бидете дел од оваа наша реалност, присетете се на крупниот кадар и големата слика на нештата! Спомнете си дека преку нашиве реални шоуа светот учи и за нас и за себе, учи од нас за издржливоста, снаодливоста и креативноста во преживувањето. Зар е малку тоа?
 
Слики: Шуичи Накано

 ova e kao kvaliteten tekst?

 ova e kao kvaliteten tekst? mozebi za vo Nash Svet. 

 Mirko, aj be batali se (bez

 Mirko, aj be batali se (bez apostrof). preku qr im si na site, samo ne sakaat da ti se zamerat

 Mirjana, imas ubavo ime. Me

 Mirjana, imas ubavo ime. Me potsekja na mene.

 golem pozdrav do okno. me

 golem pozdrav do okno. me odushevi vashata cenzura. pravoslavnosta na vashite limiti i "moralni" sudovi e prekrasna. teshko se spravuvate so sloboda na govorot, osobeno koga ne vi ide u prilog. ali za ova ke razgovarame koga ke se vidime VO ZIVO so ureednikot. internet e za pichki! (ops! pak ke me brishete:)))

Вашиот претходен коментар

Вашиот претходен коментар содржеше лични нареди и поради тие причини го избришавме. Истото ќе се случи со сите коментари кои ќе содржат навреди и говор на омраза.

 i prviot komentar upaten do

 i prviot komentar upaten do mene sodrzese lichna navreda i govor na omraza(prochitajte sami). bi dodal deka sum doziveal eden kup LICHNI NAVREDI i DIREKTEN GOVOR NA OMRAZA VPEREN KON MENE LICHNO preku komentarite vo OKNO i toa koga slobodno komentiram i nikogo ne navreduvam. taka da vasheto objasnuvanje e sosem besmisleno. jas ne se trevozam za toa, no koga jas ke DRMNAM NEKOGO izgleda tolku boli shto "SITE" tamu vednash se mobilizirate okolu ovie frazi koi ochigledno vi sluzat samo vam i toa koga se chuvstvuvate bespomoshno. navistina tazno :(
sepak preferiram razgovor vo zivo i toa kje go storam. vo zivo nikogas ne ste silni kao na internet...pak tazno:(

 MALI ste i LICEMERNI. (ova e

 MALI ste i LICEMERNI. (ova e navreda? dali e ova govor na omraza?)

Мирко, уредниците имаат право

Мирко, уредниците имаат право по сопствена проценка да бришат коментари. Не им се мешам во тоа, барем не вака јавно. Но, еве да ти го кажам мојот впечаток, без да знам дека ти избришале хејтерски коментар: твојот кул коментар на навредливиот кон тебе (Mirjana, imas ubavo ime. Me potsekja na mene.) изглеа крајно супериорно! Ѓоле-Окнашот ти напраил услуга што те пребришал! Дужиш пиво во тој разговорот во живо!

 duzam pivo so neizmerno

 duzam pivo so neizmerno zadovolstvo. duzam dve. mada nekad sakam bre da uvredam nekogo onaka so puna usta, ako me razbirash. pogotovo koa zasluzuva. 

Искрено, се плашам од луѓе

Искрено, се плашам од луѓе како Мирко Попов и Никола Гелески ( и останатите персони кои живеат во неговата потсвест) ...

Сега ти мене ме плашиш. Си

Сега ти мене ме плашиш. Си нашол од кого да се плашиш. :)

Слични содржини

Став
Став
Духови [к:1]
Став

ОкоБоли главаВицФото