Духови

22.12.2010 12:37
Духови

Ако не можете да ја решите ситуацијата,
сменете ја ситуацијата,

Душко Радовиќ.

Бајаги време наназад во главниве политички партии во земјава се пројави проблем за кој јавноста не е запознаена. А треба да е запознаена оти заради неа во голема мера и таа трпи. Проблемот, што би рекле нашите драги новинари, опстојува, а неговото решавање не е ни на повидок. Што е уште пострашно нашиве политиканти не смеат ни да зуцнат што се случува, па кутрите не знаат дали е поголема мака да ќутат и да трпат или да признаат што се случува, па со Господ напред?

Имено се работи за тоа што седиштата на партиите од власта, нив околу 20-тина, ги запоседнаа духови. И не само што запоседнале партиски штабови и седишта, ами и им предизвикуваат ноќни мори на политичарите во сите ешалони, по вертикала и хоризонтала, каде и да се, со кого и да се. Тие кутрите мора да кријат дека ги опседнале духови, пелтечат, премолчуваат, целите исшашардисани се обидуваат да најдат некој лек, да ги изгонат духовите и да се вратат во нормала. Ама цврц, и духовите мајчини, седнале та заседнале по тоа штабовите и маме им расплакаа.

Сè почна кога во еден од штабовите најпрвин се појави Духот на рамковниот договор. Е, тој дух стана вистинска ноќна мора за повеќето политичари и политичарки. Се појави во еден, па почна да се појавува во втор, во трет и така редум во сите партиски штабови што имаат некаква власт во земјава. Од почеток се појавуваше навечер, само под закрила на ноќта, ги тормозеше ноќните чувари и чистачките, но потоа се избезобрази и почна да се појавува се порано и порано за да ивенчуали им се нас’сне и на големите партиски главучи. Е, откако нив им се нагрбачи, не ги пушта, ги дрма ли дрма, а спас нема! Според она што засега ни е познато духот на рамковниот договор најпрвин само ги плашел со обични, уууууу, бухухухууу, завивања, но потоа преминал и на други подирекнти методи. Почнал да им дава директиви како и што да прават, како да се однесуваат и какви одлуки да се носат. Духот почнал да им пушта списоци на луѓе кои треба да се вработат, без разлика на тоа колку ги бива за работата, дали имаат образование, познаваат ли јазици, странски, службени, што-! Сето тоа беше неважно, битно беше што тие се слепи поданици на овој дух и заради тоа требаа да бидат вработени. Па згора на тоа што да се преведува, што да се учи, каде да се трошат парите и од дома и од странство...Имаше некои несалам партиски поединци кои се избунтуваа во стилот: а бе не може овој да го вработиме, и тогаш откако им списна и го видоа неговиот бес бргу се предомислија и се повлекоа. Духот продолжи да ги тормози политичариве, а да им угодува на своите поданици, па дури почна и да им носи пари по дома, иако овие ништо ни не работат.

И сега, чаребарање против духов што ги запоседнал штабовите и седиштата, некои умни се досетија да почнат да привикуваат други духови што ќе го изгонат него! И мислење, мислење, думање, думање и низ еден чин на демократска дебата и гласање беше решено да почне да се привикува духот на Александар Македонски кој некако би го средил и збркал. Духот на рамковнито договор, кој веќе не се трпеше! Тој јуунак најдобро ќе се справи со нападниве духови кои така безобразно им се вдадоа на нашите политички ороводци.

И така започна привикување на неговиот дух со сите сили и средства: со песни и ора, на Јутјуб, по разни тв-џубокси, со реклами, со инкантации, со патишта, стадиони, со аеродроми, ма со се можно! И така, лека-полека, миц-по-миц, се појави и духот на Александар, па запоседна партиски штабови, ограноци, разграноци, и слично, спремен да му се противстави и на рамковниот, но и на сите други духови кои нема да му се поклонат. А овој дух, секако, прилично воинствен, а како и да не биде, па Александар е, што ли е? И ги гони и сили своите поданици да се караат со кого ќе стигнат, да се џапаат, да освојуваат парче по парче и гордо да газат се пред себе,. И така ура и напред дур не освојат се што има да се освои.

Кога пак виде духот на рамковниот договор дека на духот на Александар ќе му градат велеграндиозен споменик, скокна тој и им издиктира на своите поданици и тој да има споменици за себе! Нема попуштања! И едниот и другиот си наредија гарда околу себе, на најсилните духови од минатото, историјата и легендите, па да видиме кој кого ќе надјваса.

И ете така беше поставена таа „епска“ борба на духовите во која остануваат и опстојуваат само нај-нај-страшните духови кои полека ги погубија сите останати како што се, на пример и меѓу другите, духот на толеранцијата, духот на заемното разбирање, слободарскиот дух и многу други и духови и дуси.

Нема потреба да се плашат од

Нема потреба да се плашат од духови, тие самите се ДУХОВИ некои ВАМПИРИ а некои САТАНИ.
Не е точно дека ги запоседнале тие самите ноќе се будат како ВАМПИРИ.

ОкоБоли главаВицФото