Конкурс за најдобар дебитантски прозен ракопис „Новите!“

22.10.2010 13:17
konkurs---3.jpg

Издавачката куќа ТЕМПЛУМ по петти пат го распишува конкурсот „Новите!“, за најдобар годишен прозен дебитантски ракопис на македонски јазик.

Наградата изнесува 1000 евра и објавување на книгата во едицијата „Катапулт“.

Наградата е овозможена од Комерцијална банка.

Целта на наградата е да ги промовира и афирмира новите луѓе, новите тенденции во литературата, новите поетички начела, новиот пристап, новиот начин на организирање во сферата на литературата, новите обиди книжевноста да стане општествено повлијателна во секоја смисла: културно, пред сè, но и економски и медиумски...

Наградата ќе се додели кон крајот на месец декември.
Услови на конкурсот: за наградата можат да конкурираат исклучиво дебитанти кои пишуваат на македонски јазик и кои претходно немаат објавено прозна книга.

Под проза пред сè ги подразбираме кусите или подолгите раскази и кратките романи, но како проза ќе ги третираме и специфичните жанровски експериментални форми.

Важно: ракописот не смее да биде подолг од 160 страници, т.е. 300.000 компјутерски карактери (фонт 12; 1,5 проред)

Ракописите можете да ни ги испраќате до 5 декември 2010 година на следнава адреса:

Булевар Партизански одреди 21 (Порта Буњаковец)
Зграда А2/3, влез 2, стан 4
1000 Скопје

Или на нашата електронска пошта:

nagrada_novite@yahoo.com (каде што можете да се информирате дополнително доколку нешто не ви е јасно во врска со конкурсов).

 Важи ли конкурсот и за

 Важи ли конкурсот и за малолетни лица? Имам 17 години.

Важи.

Важи.

Условот е учесниците

Условот е учесниците претходно да немаат објавено прозна книга.
Дали ако учесникот веќе објавил една драма (која е прозно дело) има право на учество на овој конкурс (кој опфаќа краток роман, раскази, спец. жанровски експериментални форми)?

Драмата не спаѓа во прозни

Драмата не спаѓа во прозни дела, што значи дека учесникот кој објавил драма има право на учество на конкурсот.

 Здраво Ѓорѓи, една

 Здраво Ѓорѓи,
една дигресија. Дали комисијата на минатиот конкурс веќе одлучи кои раскази ќе бидат вклучени во книгата и кога приближно ќе го направи тоа. Овде прашувам бидејќи ова е поактуелно. 
И уште нешто, ако велите краток расказ тогаш се прифаќа и нешто слично на она што беше во минатиот конкурс? Или? 

Поздрав
Дигресија:)

Имињата на авторите кои ќе се

Имињата на авторите кои ќе се најдат во книгата ќе се знаат најдоцна до 15-ти декември.

Што се однесува до актуелниот конкурс „Новите!“, на овој конкурс можат да се праќаат само книги: збирки раскази, романи, екпериментални кратки или долги прози.

Уште една дигресија во насока

Уште една дигресија во насока на претходната. Дали наградите остануваат исти како и за првиот дел од конкурсот за краток расказ? И како наградените да си ги подигнат?

a kolku minimum stranici

a kolku minimum stranici treba da imame? :)
ne biva so dve :P

Вистина. Колку е минимумот,

Вистина. Колку е минимумот, ако најмногу треба да има 160 страници?
Поздрав

Онолку за колку не би ти било

Онолку за колку не би ти било срам да дадеш сто денари, ситничару! ;)
Всушност, скрибоманството со многу зборови губи на цена кога ќе се види изданието "Конзервирани импресии" oд Горан Стефановски, кое со малку букви исполнува доволен број страници, поради фината густина на убавата мисла...

Книгата не би требало да биде

Книгата не би требало да биде помала од 70 страници.

Дефиницијата на УНИЦЕФ за

Дефиницијата на УНИЦЕФ за книга подразбира, ако добро памтам: 48 страници. Така што, почитувани потенцијални апликанти, можете да испратите и, минимално, 48 страници. (А ние после, при преломот, ќе ги растегнеме на 70, за книгата да добие каков-таков рбет:)

Чек, ЧЕК,

Чек, ЧЕК, Ч ЕЕЕ К А Ј!
Дебитантска книга не е исто што и книга за деца.
На каков УНИЦЕФ вие од жирито се повикувате?!
Немојте вака, пукаат бруки!
Овде ми кликнува дека морам да ги ценам америте со нивното изразување на должина на делото со број на зборови.
Што е право - право е. Молам.
Леле, уште сум шоксан од УНИЦЕФ-меродавноста, леле!

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото