Таа веќе не си ја сака работата

03.06.2019 09:49

Таа продава мебел произведен во странство
во голема продавница
каде зимно време од сите страни дува
а летно време под сосема рамниот кров
врие како во пекол
Таа веќе не ја сака работата што ја работи

А порано ги обожаваше работите
со кои беше опкружена
за секое парче мебел
знаеше речиси сè
па дури и каде растело
кога било дрво

Таа и покуќнината имаа ист јазик
Можеше да се заколне дека слуша како под креветот
од дабово дрво
се тркалат желадите со капачиња
и како потпукнуваат
зрелите чушки памук
на страниците од фотелјите со цветен дезен

А сега едвај знае да го изговори името на продавницата
кога некој ненадејно ќе ја праша

Превод: Тихомир Јанчовски

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото