Дајте милост и ќе го поместам светот

14.06.2019 16:08
Дајте милост и ќе го поместам светот

 


Кога Наумовите ќе Стивнат.


Само мало потсетување да не гласате за народните херои - сите се бисти.


Ако ништо друго барем не ќе се роди поубаво девојче од Македонче.


Македонија има среден век на траење.


Резилке, кажи како да се води проста и широка народна маса?


Што е попрво, држава која нема иднина или власт која владее ко да нема утре?


Штала на страна, на собирот имаше 100K народ.


Сакам Шведска луда фина
Да биде како Кина
Малмо, Малмо, спаси ме.


Позади добра метла прашина се крева.


Министер сече лента и не дава жмигавец.


Сакам да ја кандидирам маркава за претседател – поштена, неисплукана, меѓународно позната.


Декларација за човекови права - „може да содржи траги од соја и други јаткасти плодови“.


- Средете ја салата за поставување изборни кутии.
- Нема што да се средува, сѐ е наместено.


Системите за контрола и надзор детектираа дека има демократија.


Тешко ова подигањево свест.


Дајте милост и ќе го поместам светот.

 

- Добро, а знаете зошто пресушила реката?
- Од несигурни извори, дознавме.


Млазот е подесен, а чешмата полева.


Претечи вокал: „Оставете ги војниците на рат“.


Никогаш не го потценувај туѓото немислење.


Се шалев бе, не сум претседател на Франција, тоа беше само саркозам.


А сега, под слоганот „Сами сме си криви!“, ќе настапи Здружението на интровертни сколиозни граѓани.

 

Мислам дека Земјата нема појма дека светот се врти околу парите.


Миграција село-космос.


Ене ги и вонземјаните гласале за помалото НЛО.

 

Абе лесно е да ја измислиш сијалицата, ама треба да ти светне.


Размислувај надвор од кутијата, Прометеј!


За добра грешка нема лоша муза.


И тогаш на Ахил срцето му отиде в пета.


Маж со поминат воен рок.


Којзнае како им било на тие што иделе во пеколот пред да биде измислен огнот.


La vita e бела лага.


- Ама не се откажувај од своите соништа кога ќе пораснеш.
- Отсекогаш сакав да бидам Каспер.
- Браво, тоа е духот што се бара!


Колажи: Joseba Elorza

 

 

 


 

ОкоБоли главаВицФото