Високообразованите жени најдолго чекаат пред да го пријават насилникот

19.07.2019 12:43
Високо образованите жени најдолго чекаат пред да го пријават насилникот

 

  Ново истражување на Делегацијата за родово базирано насилство на шпанската влада уште еднаш покажало дека не постои дефиниран профил на жртвите на родово базирано насилство, но постојат фактори кои влијаат на должината на трпење на насилството пред барањето помош. Тоа се возраст, економска независност и деца, при што должината на трпење насилство расте со возраста и бројот на децата.

Во просек, жените со завршени постдипломски студии (магистратура, докторат или пост-докторат) чекаат 12 години и 3 месеци да пријават насилник, додека на жените со понизок степен на образование им треба помеѓу 7 и 10 години да побараат помош.

Исто така, испитаничките на возраст 18-25 најкратко чекаат со пријавата на насилство (2 години и 10 месеци) додека оние постари од 65 во просек чекаат 26 години и 3 месеци.

Половина од испитаничките како причина за одложување на барањето помош го навеле стравот од насилниците, уверувањето дека тоа можат самите да го решат (45%), непрепознавањето на себеси како жртви (36%) и срамот (28%). Коментирајќи ги резултатите од истражувањето, психологинката Нативидад Хернандез изјавила дека луѓето во нашето окружување се клучни бидејќи им ги отвораат очите на жртвите на кои насилството им станало дел од секојдневието, поради што им е тешко да си заминат.

Истражувањето на Агенцијата на Европската унија за темелни права покажува дека една од три жени ќе доживее некој облик на насилство од интимните патнери во својот живот, а дури 70% од стручњаците и жените на високи менаџерски позиции наведуваат дека доживеале некој облик на сексуално вознемирување. Само една третина од жените воопшто пријавуваат насилство и тоа после повторени инциденти.

 

Извор: https://voxfeminae.net

ОкоБоли главаВицФото