Сега кажувам: навистина бев неталентиран манијак

20.09.2019 00:20
Сега кажувам: навистина бев неталентиран манијак

Бев навистина неталентиран манијак. Си купив широк мантил и шешир, но повеќе личев на детектив од американски палп ноарчиња отколку на женски кошмар од темните глуви улички кои дремат по сомнителните скопски населби. Се криев зад грмушки, демнев потенцијални жртви низ јавните тоалети и железнички станици, направив детална анализа на ноќните автобуски линии, но попусто: секогаш кога требаше да рипнам од зад грмушка, да дишам возбудено во темнината на автобуските постојки или да следам некоја девојка во магла, бев заробен од ужасен срам. Наместо да манијачам, јас плачев. Ми приоѓаа жени, девојки и девојчиња да ме тешат, а јас бегав што подалеку од нив и зад себе оставав барички од солзи од кои пиеја уличните кучиња и мачки. Не бев психопат и бев ужасно фрустриран поради тоа.

Затоа, решив да продавам лижавчиња, зашеќерени јаболка и други слатки нездравости уредно наредени на малиот метален стол на расклопување, и тивко да ја преколнувам судбината која ме осакати со нормалност во овој луд, луд свет.

На фотографијата: Питер Селерс во филмот Dr. Strangelove (1964)

Слични содржини

Прашалник за ... / Книжевност
Книжевност
Графички Дизајн / Книжевност / Уметност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото