Што да не се става на Фејсбук

05.11.2010 11:13
Што да не става на Фејсбук

Марк Цукерберг вели дека неофицијалната мисија на Фејсбук е да го направат светот поотворен и поповрзан. Но постојат граници до кои би требало да се биде отворен при делењето информации за себе со други лица.

Вашиот профил на Фејсбук го гледаат вашите претпоставени, деловните партнери, можеби идните љубовни партнери или соработници, како и некои не толку добронамерни луѓе. Колку и да сте ги наместиле поставките за приватност на профилот, сигурно постои некој кого сте превиделе да го „ограничите“ или некоја фотографија која можеби и не требала да се најде во фотоалбумот. Освен тоа, ако вашите пријатели дознаат некоја информација за вас, таа лесно може да се провлече и до некои луѓе на кои не сте им толку омилени.

Значи, ова се десетина нешта кои треба да ги избегнувате да ги споделувате на Фејсбук:

1. Датумот и местото на раѓање – зашто лесно е да се дојде до вашиот ЕМБГ.

2. Куќната адреса – ако оставите статус дека не сте дома, вие сте лесна мета за крадците и провалниците.

3. Долгите патувања – исто така мамка за гореспоменатите.

4. Местоположба - Facebook Places ви овозможува да се пријавите на некоја локација, што некој може да го искористи против вас, посебно ако сте некаде во текот на работното време.

5. Несоодветни фотографии – фотографиите од пијанките сигурно не ви се потребни за интернет архивата. Ars Technica неодамна откри дека серверите на Фејсбук можат да ја зачуваат избришаната фотографија на неодредено време. Од Фејсбук потврдија дека некој што ја зачувал URL адресата на фотката може да дојде до неа иако таа е избришана.

6. Телефонскиот број – постои апликација Evil која ги прикажува сите телефонски броеви објавени на Фејсбук.

7. Признанија – не се жалете дека ништо не сте сработиле на работа, дека сте се напушиле или сте возеле пијан/а и сл. Постојат случаи кои однеле луѓе во затвор токму поради слободата на изразување во статусите.

8. Името на вашите деца – олеснета кражба на идентитетот.

9. Опасни хобија – осигурителните компании понекогаш нема да ви ја признаат повредата ако дознаат дека се занимавате со опасни спортови, бидејќи ќе сметаат дека сте во ризичната група и дека повредата сте ја здобиле благодарение на тоа хоби.

10. Фотографии од домот – не откривајте што сè имате дома, зашто можеби на некој тоа може да му се допадне, па да посака да си го земе.

11. Профилот кој може јавно да се пребарува – наместете ги поставките за безбедност за пребарувачите да не можат да ви го индексираат профилот и на сите љубопитни да им пружат информации за вас.

Извор: 6yka.com

ОкоБоли главаВицФото