Ронење

29.10.2019 16:00

многу нешта во станот се предадоа на ронење:
насекаде мали бели парчиња, ливчиња, прав.
од влагата на места распукал малтерот
во бањата. се лупи, се крши и рони, под него
се шират дамки од тулите. во чајникот се наталожил бигор.
со водата се излева во садоперот,
во порцеланската шолја, во керамичкиот сад.
во него металната мрежа ја просејува тишината.
густи наноси паѓаат на дното,
кон површината водата се бистри.
мојата рака ја подига мрежичката – сѐ измеша,
а потоа го пушти бигорот да слегне.

Превод: Славе Ѓорѓо Димоски

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото