пиромани

11.11.2019 15:31

петардите ги носиме под јазикот
огнот надоаѓа во бранови
може да биде што било
да дојде од каде било
со бакнеж во тебе ќе ја вметнам
запалената петарда, понекогаш
или, самата ќе ја проголтам, понекогаш
ретко, ќе ја изгасам со својата плунка
и внимателно ќе ти ја ставам во дланката
или, неосетно ќе ја ставам в џеб
ни една петарда уште не сме фрлиле
наоѓаме начин да останат покрај нас
некои петарди ги разменуваме со денови
некои и повеќе, со години
исти петарди ставаме под јазик
врелината ни е в стомак
во градите огномет во ждрелото чад
дури и кога ќе експлодираат
петардите не догоруваат
тие не се гасат, чекаат
нова плима, погоден бран
може да биде што било
да дојде од каде било
освен кога пописот
е целосно непланиран миг
ги вадиме сите петарди на масата
молчејќи ги броиме
молчејќи молчиме
молчејќи се притиснуваме
полека се вртиме околу нашата оска
што не е ни ти ни јас туку простор помеѓу нас
простор што го нема
се вртиме сѐ побрзо
оддалеку изгледаме
како машина за правење светулки

Превод: Славе Ѓорѓо Димоски

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото