За сè да биде како што треба

19.11.2019 12:15

За сè да биде како што треба,
пред сè мора да сме зародиш
на сите нешта што можат да почнат,
по сè да сме крај
на сите нешта што можат да свршат,
а во сè да сме никој и ништо,
за едни да сме лага, за другите факт.

Времето нè дише,
кожата е граница помеѓу две празнини,
студот нема очи што гледаат во нас.

Ние сме никој, ние сме ништо,
за едни секогаш лага,
за други секогаш факт.

И само така е сè како што треба.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото