Луѓето патуваат далеку

28.12.2019 12:21

Луѓето патуваат далеку за да речат:
Ова ме потсетува на некое друго место.
Тука е како и таму, исто е. Ама
знаев еден човек што отпатува за Њујорк
да се самоубие. Се бунеше дека куќите во Ерусалим
не се доволно високи
а и дека тука сите го познавале.

Се сеќавам на него со љубов, оти еднаш
среде предавање ме отповика од час:
„Една убава жена те чека кај градината“,
та ги смируваше развревените деца.

Кога ми текнува на таа жена и на таа градина
ми текнува и на него качен на висок покрив,
на самотијата на неговата смрт и на смртта на неговата
самотија.

Превод: Виктор Шиков

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото