Грчев: Тоа не е споменик на Мајка Тереза, тоа е споменик во слава на ВМРО на Груевски

21.02.20 13:31

За идејата за пренамена на споменикот на Мајка Тереза во центарот на Скопје професорот Мирослав Грчев вели:

„Веста околу одлуката на Владата споменикот на Мајка Тереза од Скопје 2014 да не се руши туку да се пренамени ме затече и е безсмислена.

Нема никаква смисла една дивоградба и ужасно нарушување на поредокот на градот, еден симбол на владеењето на неправото, еден фашистички споменик и во слава на ВМРО на Груевски, на диктатура, која како ултра десничарска е фашистичка. Така што ние одгледуваме фашистички споменици во атмосфера која ја нарекуваме враќање на владеење на право, реформи кои одат во смер на реализација на демократски европски вредности, а толерирањето на постоењето на овие споменици претставува институционална импотенција и немоќ да се направи нешто“, рече Грчев во интервју за Утрински брифинг.

„Овој споменик не е споменик на Мајка Тереза туку споменик на диктаторство од фашистичко компрадорска провиниенција и споменик на нашето подаништво и ропска свест, затоа што не знаевме ни тогаш ни сега да застанеме против тоа“, додаде Грчев.

 Извор: Утрински брифинг

ОкоБоли главаВицФото