Смртоносниот корона вирус не го преживеа скопскиот воздух

08.03.2020 23:05
Смртоносниот корона вирус не го преживеа скопскиот воздух

 Светот е во паника поради појавата на новиот корона вирус кој потекнува од Кина, а конкретниот предизвикувач се’ уште не е познат. Нашата земја има среќа да има природен механизам на одбрана, па можеби сме на трага на решавање на проблемот за целиот свет.

Забележани беа неколку случаи на корона вирус кај патници кои влегоа во државата. Сите апелираа дека мора да се постави добра контрола на аеродромите, но, за жал, вирусот стигна и до Скопје. Три личности влегоа во градот, од кои двајца македонски државјани и еден инвеститор од Кина, сите заразени со вирусот и своите симптоми ги откриле дури по доаѓањето во градот. Веднаш посетиле лекар и констатиран им е корона вирус, па лекарите ги изолирале веднаш откако ги утврдиле симптомите. Лекарите ја следеле состојбата на пациентите и увиделе дека нивното здравје се поправало од ден во ден, и тоа интензивно во периодот кога ги проветрувале просториите на клиниката.

Лекарите утврдиле дека воздухот кој го дишиме е смртоносен за корона вирусот, а после вкупно три дена, сите тројца пациенти целосно се опоравиле и се вратиле во првичната состојба. Дијагнозата е таква што вирусот не може да преживее доколку е изложен на скопски воздух.

Град Скопје експресно понуди на Светската медицинска фондација простории за лечење, за да можат да ги транспортираат најкритичните пациенти да се лечат во локалната здравствена установа.

„Град Скопје несебично ќе ги отстапи сите напуштени простории во градот, за да се примат пациенти од сите краеви на светот. Драго ни е што можеме да помогнеме, па и овој проблем продуктивно да го искористиме. Ние најдобро знаеме што значи кога сте немоќни и кога сметате на помош однадвор, така што ќе направиме се’ што е во наша моќ да ги примиме тие пациенти.“

Нашииот смог би можел да им помогне на многумина несреќни ширум светот, а во неодамнешниот период се планира и извоз на пакуван воздух за екстремни случаи кои не смеат да се изложуваат на долги патувања.

Приспособено од: satro.info