Заемност

16.03.2020 09:57

Постојат каталози на каталози.
Постојат песни за песните.
Постојат претстави за глумци што играат глумци.
Писма по повод писма.
Зборови што објаснуваат зборови.
Мозоци зафатени со проучување на мозоци.
Таги заразни небаре смеа.
Хартија направена од стара хартија.
Здогледани погледи.
Падежи што се деклинираат по падежи.
Големи реки со значителен придонес од мали реки.
Шуми до самите рабови обраснати со шума.
Машини наменети за производство на машини.
Сништа кои нагло нè будат од сон.
Здравје кое е нужно за оздравување.
Скали кои водат долу подеднакво како и горе.
Наочари за барање наочари.
Вдишување и издишување на вдишаното.
И барем одвреме-навреме
омраза на омразата.
А на крајот на краиштата
незнаење на незнаењето
и раце зафатени со перење раце.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото