За ефектите на коронавирусот врз нашата економија

21.03.2020 16:20

Околу ефектите на коронавирусот врз нашата економија, вчера излезе првата проценка на овие ефекти, од страна на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, инаку специјализиран за регионот на Источна Европа. Тие прогнозираат дека растот на нашиот БДП за 2020 година со коронавирусот ќе биде 1,7%, наместо претходно очекуваните 3,3%. Тоа значи дека штетите од вирусот се проценуваат на 1,6% од БДП, односно, околу 180 милиони евра.

Институтот претпоставува дека кризата ќе се стави под контрола до средината на годината и нотира дека доколку кризата се пролонгира, ефектите би биле поизразени, па сепак, во овој момент барем, катаклизмичните прогнози дека штетите ќе бидат 500-700 милиони евра делуваат неосновани и не прават никакво добро.

Бранимир Јовановиќ, 18.03.20.