Панграм #3 (втор дел)

22.04.2020 13:38
Панграм #3 (втор дел)

Потсетуваме: во петок ќе ги објавиме победниците на вториот панграм конкурс.

Овде се првите дванаесет учесници.


Васил Карев

1. В чаршија, по кафе и лахмаџун. Ѕиркам луѓе, со љубов даруваат заграб свежи цвеќиња. (66)

2. Пијаница вежба гаѓање со чатал. На фризер дуќан џам ѕвекна, скрши. Беља. Хаос. (61)

3. Во филџан чај, љубопитна ноќ. Со ѕвезди гушкање, ѓердан нижам. Халуцинации. (60)

4. Ах, љубов. Чиниш паѓање в бездна што се ѕвери. Џабе ќе е цела грижа, не туфкај се, мил. (64)

5. Очи џамлии. Веѓи пајажина. Тело бреза висока, ќеф за галење. Душа храм од љубов цел ѕидан. (70)


Елеонора Николовска

1. Глув џин Фуѓањ лежи под врба криејќи се од ѕвездочатецот Хуљмаш.(53)

2. Џвакање лешници, ф’стак,’рж, ѓумбир, хмељ, грозд, па ќе ѕирне чај. (50)

3. Х'љжањ оџа-ефендија ќе збуктиса ѓум, чалма, ѕевгар, пешаци. (47)

4. Хорџ често шета-жние возљубено фаќа ѕуница,гледајќи камења и Ѓуп. (54)

5. Цуфко, Ѕуље и Перо се вџашени мачиња у ѓериз трчајќи будни, гладни и жедни - ха!(61)

6. Њутн гледајќи брои ѕвезди, Ху ѓоа љубопитно крои црн-жолт шајак и фес за Џемче. (63)

7. Хуш љуби со Џек-Фаца да трча гледајќи божем паѓање на ѕвезди. (49)


Марина Додевска

1. Чуј, Ѓоца и Љуба ќе свират на харфа, тропат ко џин, рикат ко ламња, што ли е де, ги ѕирка Жаза. (69)

2. Си мижам на шарено ќебе у поље, Ѓоре црта фазани, на небо се оцртале буквите ГДЅЈЊХЧЏ (68)

Душко Зафировски

1. Гатач заљубен во Њујоршки џез. Желба, ќеиф. Ха, а пари само за ѓеврек, не за цд. Ѕвер. (63)

2. Харизматичниот Француски кочијаш Џоже ноќе скап ѓердан со ѕвончиња гледа. Вљубен е. (70)

3. Желба, љубопитност, ќеиф, хир, Ѓорги Џедајот за змии-ѕвечарки и лавчиња имаше. Ццц. (65)

4. Доцна в ноќ, Богохљуб и Суѕана ќофте и ѓомлезе манџа јадеа. Без кочење. Прсти да лижеш. (68)

5. Цвеќарката Софче заљубена во Кондураџијата Ѓорги. Планираше мажење. Ха, а Ѕвонко? (66)


Мишо Спасовски

1. Џагор. Мишо набљудува и фаќајќи сунѓер заржа: ах ѕверчиња, цел клас пст! (57)

2. Тих француз гемиџија од љубење жешко в ѕид ќе парчоса лаѓа. (48)

3. Фиљан луѓе на бања, а хаџија со ѕевгар ќе им ора дур жешки зраци печат. (55)

4. По ѕиркање на Љубица од џам ѓоа случајно, шах ќе гази фесот одважно. (54)

5. Љубовницата на шах ѓоа грамофонџија жалејќи пека за ѕе со дечиња. (54)

6. Под ѕуница ѓезве, филџан чај, грст шеќер и лажичка мед. Ех, љубење. (51)

7. Луѓе, жив пех. Од љубење ѕуница шофер со џип ќе ја згази мачката. (50)

8. Маж Француз со љубење погледнуваше ѕвезди тихо џвакајќи ѓувеч. (53)

9. Под ѕвезди Француз со љубење ме гледаше тихо џвакајќи жежок ѓувеч. (55)

10. Ај ѓаволица жена го прељуби тешко, фаќање чех си заѕида џам. (48)


Глигор Кондовски

1. Љубовџија грд и зол, шава со ќеиф, цапалка со ѓон, ѕвечи по жени, молња хабитус (61)

2. Срце фаќа биење, ѓакон чита, џагор жив, хор, љубов моја, звук што пак ѕвони, црква, Велигден. (70)

3. Ѕид со кулиси, џез хармонија, бавно па живо, фаќа ц и г, ѓоа љубов, њујоршки четврток (65)

Илустрации: JOHANNA TAGADA

Слични содржини

Книжевност / Култура
Книжевност / Култура

ОкоБоли главаВицФото