Curfew song (9)

21.05.2020 10:39
Curfew song (9)

 

 

For a knowledge of intimacy, localization in the spaces of our intimacy is more urgent than determination of dates.

 Gaston Bachelard, The Poetics of Space

 

„When you wake up in the morning, Pooh," said Piglet at last, "what's the first thing you say to yourself?" "What's for breakfast?" said Pooh. "What do you say, Piglet?" "I say, I wonder what's going to happen exciting today?" said Piglet. Pooh nodded thoughtfully. "It's the same thing", he said.

A. A. Milne

 

Вчера сабајле ѝ напраив доручек на сестра и доживеав олфактивен мемори тригер, бласт фром д паст, еден појадочен мирис ми послужи како aide mémoire да се вратам назад појма неам колку точно колку години, важно јаче од дваес', у нечија туѓа куќа и нечија туѓа кујна, ал у мојов имиџиџарен куфер исто толку и моја.

А инаку се извинувам шо у горнион пасус (стварно појма неам од кај го имаат ископано она „пасос”) користам толку англизми (покириличени, оти, нели сите се разбираме), а и една француска дума шо мораше на латиница, оти уше не ми дошло времето ни мене, а ни уопште, да си „одимаме” толку богат и елоквентен мајчин јазик и култура пошо сме зафатени со увреѓеност и „бранење”, заедно со не баш толку елоквентните „македонисти” на кои гневот најлесно им се изразуе со „веома врло” македоначките навреди ко „багра” или „мучук” (ваљда од „мућак”). Ја, лично, до толку се накурчив шо ко ќе наидам на зборот „багра” у „наш” текст престануам да читам.

Се убив од наводници онде горе, ебате беља, а тоа уопште не е ни битно у прикаскава, само застранив малку под притисок.

И иако у задњиве години и ритуалот на мирисно мелење кафе го усврстав у сабајлечките активности, тригерот беше мирис на нешо за јадење, а кое шо јадење не е некое шо дваес и кусур години не сум го напраила, него сум баш одлично извештена у негоо праење и сум навлекла бројна раја, укљчујуќи и многу другарчиња на детево шо ни преспивале по дома, а оние шо ни станале регуларци веќе не морам ни да ги питам посабајле шо ќе доручкуат, си имаат веќе свои верзии со свои додатоци. Се работи за реш печена сланина, илити crispy bacon, а уствари пржена на суво у добро тавче боље ја праам него под грил, оти иам поише контрола и врз температура и вртење.

Ал' оваа сестрината реш сланина и јајце на око некако ко да ме сецнаа и ме вратија кај Џејн у кујна и у лондонски Клапам, ил уше поарно у нејзината бања кај шо едно сабајле по правењето криспи бејкон он тоуст за доручек ме дочека лавабо препуно со сапунска пена чии меурчиња се цаклеа и преливаа ко виножитни бензински флеки на асфалт после дожд, на тоа утринско сонце низ светлозелените тазе лисја кроз прозор пошо изглеа исто беше пролет и тогаш.

Потеклото на баблзите у лавабо после ми ги објасни Џејн, која шо ни беше газдарица со Енглезов, а и другарка на мајка му, па и наша, а инаку психоаналитичарка и сопственичка на куќава у Клапам со три спални собетини и бања на спрат, а на приземје дневна, психоаналитичарска соба сосе фројдовскиот кауч (таа и спалната на Џејн беа једините соби шо ни беа оф лимитс) и мојата сакана кујна шо заземаше површина колку една солидна гарсоњера или поскромен еднособен стан у Скопје и имаше кујнски дел, трпезариска маса за 8 души со клупа од едната страна уза зид и дел со работната маса, компјутер и фајлови на Џејн, ко шо и треба да биде кај људите со професионални занимања од по дома, работната маса у кујна за полесен мултитаскинг, иако Џејн беше тапа за готвење покрај тоа шо имаше супер кујна со излез у двор (мене додуша работното катче ми е трпезарија пошо овде у задњиве 60 години се градат главно шупачиња, а не станбени кујни).

Инаку, баш сеа си носам една од блузите што ги наследив од Џејн, која шо беше така попуничка у горниот дел, а кои сефте ги заносев ко бев трудна и коа се навлеков на секонд хенд. И демек Џејн ми објасни дека дента имала пациентка со оу-си-ди и дека на јадната ѝ се влошила ситуацијата, па не можела да се воздржи да не тркне да си ги измие рацете у бања (куќава викторијанска немаше ве-це за гости долу) насред сесија. Ал после додаде уше нешто шо го рекла пациенткава и поради шо после Џејн ме олабави од мрчење да не се праи готвен појадок коа прима пациенти, а тоа беше дека мирисот на криспи бејкон ја смирил оти тоа е мирисот на „дома”.

И мене од сите места кај шо живуев у Лондрата, куќата на Џејн ми беше најдома, иако само од четврток до понеделник беше скроз само наша, кога Џејн ќе отидеше у Вилтшир у својот котиџ на пол пут од Марлборо накај „хенџ” камењата у Ејвбери да психоаналитише у некоја тамошња болница, шо пак беше сасвим само мој утисак, пошо Енглезон ми е од северен Лондон, отприлика Џереми Корбин територија, и јужен Лондон од другата страна на Темза им е ко темната страна на месечината, нешо ко териториите на Сити Парк Бојз и Фемили Аеродром у Скопје, па затоа не беше нешо одушевен, а и некои од неговите другарчиња од школо ко ќе ни дојдеа на гости у Клапам ни кажуеја дека можда и прв или втор-трет пут завлегле толку длабоко на југ.

Да се вратам на сланината и нејзиниот толку невероватен сексапил за Енглеска шо и реформисани вегетаријанци и вегани плачуцкат по неа, па им ја произведуаат онаа јадна грозота, нешто сумњиво пресовано со штрафтици и со етикета веганска сланина. Криспи бејкон беше омилена чак и кај другарите на муж ми од еврејски (повеќемина) и исламски (неколкумина) происход, само не кај Че, глумац, ама и драмописац и демек боксер, најграмадното другарче на муж ми, син на глумци и бифши чланови на енглеска комунистичка партија, па оттука и името, а и пораснувањето со вегетаријанство, шо после го баталил, пошо онаа снага и боксот ваљда побарале поише протеин и крвожедност, ал останал осакатен по питању сланинице.

Шо не беше разлог по една епска пијанка кај него дома (он никад не ни дојде у Клапам, а ни дојде у Карпуш и Канео, сеа живи негде у Калифорнија) да не нè однесе, не на фалафели, шо се продаваа од приколица ко понси стрит фуд на 15 метри од неговиот стан (меѓу најбољите шо сум ги јала, а сум ги јала и у поматични земји од Лондонистан), него право у еден паб близу Смитфилдс Источен Лондон, кој шо беше меѓу последните големи историски месни пазари на големо во тој поразвиениот свет и, иако не шиткаше шишмиши, сеа е преселен негде постерилно. Овој паб служеше енглески доручек, кај шо сланиницата е ѕвездата, нели, ал у енглескиот друштво и прават ѝ сијасет други мрсни и протеински ствари кои варираат регионално, а овде имаше и еден чаршав од телешки џигер. У пабов фората беше шо го служеа ова од 5 саат сабајле, порано само за радниците од Смитфилд пазарот, а после и за рејвери и остали ноќни птици.

Ретко ми се дешавало да сум толку гладна и желудникот да ми е разјаден од алкохол, а да не можам да изедам ни пола пола од принесеното, тука им симињам капа на муживе радничишта шо седеа до нас. Испразнија тањириштата, светнаа тоа пајнтоите ејл пиво и ваљда после ој си легни, само они, за разлика од нас, после целоноќно оријашење. Важно мене после уше два дена не ми се јадеше. Уше една битна ствар у пабов беше што, и поред тоа имаше намешано тетовисани радничишта и припита клиентела од најразлични вокс оф лајф, уопште немаше тензија, толку типична за енглесконо друштво и пијани пабови, уше еден доказ за благотворниот утицај на утрата врз људската психа, небитно дал стануеш ил' си легнуеш, а посебно коа се проникнати со мирис на криспи бејкон.

Уште едни такви места без тензија беа рејверските есид журки кај шо идевме со други другарчиња на Енглезон од школо, ама од школото кај шо беше даскал, а и ја повремено, у лето, ко ќе нагрнеа ученици од цел свет, ако ви текнуе од претходно, international house, у која у Скопје си ја почнав даскалската кариера, а оваа лондонската имаше тогаш одлична адреса на Пикадили Стрит 106, улица на која број еден беше куќата на еден ортак на Гоја кому сликаров му изнапоклањал слики, а го викале Велингтон, исто ко у Биф Велингтон, или гумените чизми Велингтон. Е, ама обично идевме у петок у некои помали клубои, па негде у Источен Лондон, накај Ист Енд, не памтам више, обично отко ќе се симневме од метро на Олд Стрит или Вајтчапел. И пошо тоа е уџумана од Клапам и прескупо за такси, си скакавме у клуб до сабајле, до прво, второ или трето метро.
На една журка за дивно чудо запамтив едно детуле, онакво риѓо, џинџер, керотхед, да не редам сеа увреди, со дугачко косиче у репче и дебели црни цвикери, на чие чело, у свите други околности освен на журкава, би му пишуело „Ај ем а виктим”. Ми се залепи, демек ми праи муабет колку добро чувство за ритам сум имала, ама отко немав време од рипање да му посветам внимание, си остана до мене, да го чувам ваљда на безбедно дур се дроби од пиење. Си отиде сигурно еден саат пред нас. Ние стасавме на Вајтчапел коа сунцето више беше убаво изгреано, шо беше супер пошо Вајтчапел станицата е една од ретките станици у поцентрално лондонско подручје шо е над земја, па така и она имаше благопријатен утрински утицај, иако Вајтчапел не е баш,така, некое особено џиџано маало, со векови радничко и имигрантско, од Хугеноти, преку Евреи до Бангладешанци, кои у втора генерација се претвораат и они у чланове банди под лош утицај, ама и тоа маало се џентрифицира од уметничарски прогресивци.

Се качуеме у воз и кој тоа заспал блажено на седиште, сунчеви зраци преку фаца и се извозел цел круг низ Лондон без да му прифали ниедно риѓо влакненце од глава? Моето непознато другарче. „Стани душо да си идеш дома.” Се симна три-четири станици пред нас. Догегуцкавме до кај џејнската куќа, преку невообичаено празниот висок железнички мост, со сонцето од карши поглед сè уште ниско на источниот хоризонт тоа саботно сабајле, за да им прави онакви розе рубови на облаците ко оние на Констебл, уствари рефлексијата од морската површина, која шо е увек близу, ги прави енглеските небески пејсажи незаборавни у ретките тренутци коа небето не е надурено скиснато.

И сеа, не сум сигурна дал се потсетив на криспи бејконот од психоаналитичарското сабајле или од ова гладно и жедно прекрасно пост-журкаџиско утро, коа баш ми легна доаѓањето дома и праењето сланинарски доручек за мене и Енглезот, у „домато” кое шо одамна го нема, чак и буквално, оти Џејн ја шитна куќата на девелоперс да ја напраат станои, коа реши да се мужи на 50 години и да живее у кантрисајд, ко сите прописни сквајрс.

И да, една технаџиска класика:

Buy at Beatport: Laurent Garnier ‎– Crispy Bacon Label: F Communications ‎– FC055 Format: Viny...

Слики: Anna Jensen

 Кон претходните делови

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото