
Религија - што е тоа?
Баобаб маскиран во боа?
Авион што нурка в море?
Дно што сака да скокне горе?
Гајтан веѓа од розов црв?
Зашеќерен планински врв?
На животните не им е грижа,
пред секакви божества мижат,
во Исус, Мухамед ил’ Буда
не верува ни осата луда.