Грозовилата во Страшната шума (сценско-театарски приказ)

21.10.20 10:31

Во рамките на книжевниот фестивал „Друга приказна“, кој се одржа на почетокот на септември годинава, публиката имаше прилика да види необичен сценско-театарски приказ направен врз текстот „Грозовилата во Страшната шума“ од Јана Бауер (издание на Артконект, 2018).

Режијата на кратката сценска „Грозовила“ (во времетраење од 14 минути) е на Нела Витошевиќ, а улогите ги толкуваат: Ивана Павлаковиќ, Драгана Лошкова, Исмет Шабановиќ и Никола Настоски.

Словенечката писателка Јана Бауер е добитничка на Главната награда на годинешното издание на фестивалот „Друга приказна“, посветен на литературата за деца. Во чест на добитничката беше поставена и кратката сценска игра, „Грозовилата во страшната шума“.

Слични содржини

Книжевност / Култура / Музика

ОкоБоли главаВицФото