Историјата што се распаѓа

17.11.2020 13:10

треба да се презакопува како коските на убиените
од делче окупирана во делче ослободена територија,

да се отпретува како совеста на убијците,
а преживеаните да се гетоизираат

и сами со себе да зборуваат на јазик
неразбирлив за мртвите.

Во историјата што се распаѓа стануваш дебелокожен,
ништо повеќе не те допира,

само низ слузокожата понекогаш
во тебе продира избегнатата несреќа

како кога стапалата број 36, ни детски ни женски,
ти пропаднаа во цокулите на татко ти, број 43,

од војничката опрема за југословенските резервисти.
Алтернатива во обувки големи како лопати.

И во претходната и во наредната војна
тупотот беше ист, смртта прописна, а животот - воена вежба.

Од единаесет деца останавте живи две,
од две – ниедно не роди дете.

Врз некои фрлаа земја со лопати,
врз други ја тапкаа со цокули,

врз трети мртвите сами се посипуваа со неа.
Историјата наместо крст се распнуваше врз гробовите.

Децении подоцна смртта е ДНК на животот,
но животот никогаш веќе не ќе и биде ДНК на смртта.

Татко ти ги врати цокулите во воената единица,
ти не се врати таму кајшто требаше да не се повтори

историјата што се распаѓа, закопана во масовно гробје
што треба да се пронајде и откопа, на сопствена сметка.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото