Кокошка се сели во потопли краишта

30.11.2020 21:01

Ма каква кокошка, таа беше кокошкиште;
луѓе плаќаа билети да ја видат на нашето буниште.

Кокошка како ждребе, небаре да се впрегне;
се празнеше дворот кога заминуваше да си легне.

Едно јајце годишно да донесе знаеше;
на поголемка фамилија цела година им траеше.

Со само еден нејзин пердув перници полневме,
во неа сите заедно верувавме и се колневме.

Умееше да кукурика - пророк сред светилиште!
Сите зборуваа: Штета што не оди во училиште.

Беше умна, ма каква пчелка! - кралица:
единствена на светот кокошка - селица.

Замина на југ. И никогаш не се врати.
И никогаш оттаму поздрав не ни прати.

Препев: П. В.

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото