1023 hPa
27 %
29 °C
Скопје - Нед, 06.09.2026 10:59
Утрово жаба на жабите
писмо им упатила:
„Цела зима не сме крекале,
изгубивме сила.
Па затоа порив
добив мошне јак,
и ве викам: Дојдете
на журка во врбјак!
Повелете, друшки, молам,
пак треба да се зине,
фино да се искрекаме,
желбата да ни мине!“
Превод: П. В.
Андра Франичевиќ (Andra Franičević; псевдоним: Čika Andra; 1889 — 1967) е српски поет за деца. Студирал германистика во Минхен, каде што дипломирал 1920 г. Учествувал како доброволец во Првата светска војна. Живеел како професор во Белград.