Бура од авантура!

07.12.2020 14:37

Еден човек, силен како слон
или спортист,
во елегантни широки панталони,
насмеан како артист,
со малиот прст на левата рака
носеше лесно, без напор,
цел грозд огромни шарени балони.
Ненадејно фучејќи надојде ветар
(тајфун или циклон)
и силниот човек го дигна ко крпа
на највисокиот врв на Корабската карпа -
но само дотаму!
Оти од врвот потаму
ни за педа не можеше да го крене!
Од таа карпа човекот силен како слон
скокна врз опашот на еден млазен авион.
„Веднаш да си се симнал долу, ил пикирам!“,
се закани фрапираниот пилот. „Само напред,
пилоту! И јас апелирам брзо да се паркираш“,
ладнокрвно одговори силниот човек.
Некаде во близина на Млечниот пат
налетаа на наезда
од ѕвезди паѓачки!
Тогаш силниот човек извади
вистинско индијанско ласо
(со кое му беа врзани панталоните)
и веднаш фати една паѓачка ѕвезда,
ја јавна како некаква птица
(или како некаква сребрена штица)
и со нејзе слета долу
крај некакво школо.
Тука ѕвездата ја истолчи
во мали скапоцени камења,
па застана пред школото
после петтиот час
и на финта, ко од шега
(ама без мамења!)
уште истата вечер
ги распродаде каменчињата
по рекламна цена
од пет банки за фишече
и големи пари извлече.

Млекото претече,
лончето се запече,
приказнава истече.

Препев: П. В.

За писателот

 

Слични содржини

Секој ден песна
Пандалф Вулкански
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Пандалф Вулкански

ОкоБоли главаВицФото