Знаеш зошто возот бучи цела вечер?

11.01.2021 01:10
Знаеш зошто возот бучи цела вечер?

Во разговорот учествуваат Тања Аждаја и Горан Танчевски.

 


Тања Аждаја
Знаеш зошто возот бучи цела вечер?
Пошо ВозНеМирува.


Горан Танчевски
Воз како дух се движи низ воздухот. Цела ноќ се шина од поминување.


Тања Аждаја
Може е само вАгонија.


Горан Танчевски
ПреВОЗпитај кога точно доаѓа, ВОЗдржи се за него цврсто, земи ВОЗдух и тогаш нема ВОЗнемир. Остани локомотивирана.


Тања Аждаја
Мирен таму дур не сум кренала возтањие.


Горан Танчевски
Една живее во воз. Мислиш ВОЗ стан и е?


Тања Аждаја
Може е само некое возобновување.


Горан Танчевски
Да, ги слуша ВОЗнесенски-те листови како паѓаат.


Тања Аждаја
Дааа, тоа е права вознемска убавина.

Цртежите се од јапонскиот цртан филм Spirited away (2001)

ОкоБоли главаВицФото