Како да (не) му помогнеш на пријател кој тагува

06.02.2021 18:24
Како да (не) му помогнеш на пријател кој тагува

„Тагата е силна енергија што не може да се контролира или предвидува“, вели Елизабет Гилберт за загубата на љубовта на својот живот. „Тагата не ги почитува вашите планови, ниту вашите желби. Тагата ќе ти направи што сака, кога сака. Во тој поглед, тагата има многу заедничко со љубовта“.

Како и љубовта, тагата може да го зафати целиот внатрешен универзум и да го обои целиот надворешен свет. Како љубовта, таа е суровина за повеќето песни и поеми и слики што ги произведе нашиот вид - тагата живее сама низ тагувањето, жалоста и не може да не ја каже својата вистина. За разлика од љубовта, нашата култура го пресретнува гласот на тагата со мешавина на вознемиреност и негирање. Сакаме да ја натераме жалоста да исчезне, веднаш да го извадиме тажното срце од страдањето.

По ненадејната смрт на нејзиниот партнер,  психотерапевтката Меган Девајн (Megan Devine), авторка на одличната книга „Бегалец во жалост“ (Refuge in Grief ), а потоа и на „It’s OK That You’re Not OK: Meeting Grief and Loss in a Culture That Doesn’t Understand“, раскажува дека жалоста заради загубата го суспендирала целиот нејзин свет. Отако полека ја повратила мотивирачката сила на животот, таа решила да го пренасочи своето професионално искуство кон проучувањето на емоционалната интелигенција и отпорност за подобро да го разбере збунувачкиот процес на сеопфатноста на тагата - процес со кој, како што напиша Абрахам Линколн во утешно писмо до својот ужален пријател, агонијата на загуба полека се претвора во „тажно слатко чувство во твоето срце, во почиста и посвесена форма отколку што си го познавал порано“; трансмутација во која вештата и со љубов исполнета поддршка може светот да го направи различен. Поддршка што е многу поразлична од онаа што инстинктивно замислуваме дека помага.

Проучувајќи го начинот на кој луѓето се справуваат со голема жалост заради губење на најблиските во насилно злосторство, самоубиство, катастрофа, смрт на новороденчиња и други нагли катастрофални трауми - Девајн стигнува до сознание дека нашите интуинтивни импулси за помош на оние чии страдања сакаме да ги намалиме со тоа што ќе ги развеселуваме,  преориентираме кон светилниците во нивните животи среде темнината - имаат тенденција само да ја продлабочат нивната беспомошна болка и да ја прошират бездната меѓу нас и нив. И така, таа започнала да се прашува што е лекот за неизмерна жалост што ја среќаваме во светот или ја доживуваме во нашите сопствени животи.

Ова се нејзините заклучоци: 

Слика: Valerio Vidali

Извор: brainpickings.org

Слични содржини

Психологија / Живот
Психологија / Живот
Психологија / Живот
Книжевност / Психологија / Живот
Психологија / Живот
Психологија / Наука / Живот
Општество / Психологија / Живот / Теорија

ОкоБоли главаВицФото