Пејсажи во кутии за бонбони

08.02.21 16:34

Сликарката од Колорадо, САД, Хајди Анализе (Heidi Annalise), создава извонредни мали пејзажни слики сместени во кутии за бонбони. Насликани во духот на импресионизмот, прикажуваат различни глетки низ  Соединетите држави, истовремено откривајќи ја фасцинацијата на авторката со природата.

Секоја мала кутија ја содржи сликата изработена со маслени бои и палетата на бои што ја користела Анализе за секоја од овие минијатурни уметнички дела. Овој „пејзаж во кутија“ се материјализира како илузорно продолжување на реалноста, како зачувување на тој дел од природата, но и креативниот процес на оваа самоука сликарка.

„Моите слики ја прикажуваат радоста што сум повторно опкружена со природната убавина на планините и се славење на враќањето дома, истовремено пловејќи помеѓу реализмот и импресионизмот, моето уметничко дело додава елемент на фантазијата во природниот свет со засилени бои и поедноставени форми“, објаснува авторката. 

Извор: ignant.com

 

ОкоБоли главаВицФото