Да се ослободам

08.03.2021 12:35

Зошто не ми дозволувате анималност,
зошто не: воен инстинкт, освојување;
зошто да не ја обожавам страста?
Дозволете ми ги осветите, лукавствата
лутините, сладострастијата!
Зошто не ми доверувате сознанија и мудрост,
зошто не ми давате моќ да поставам цели!
Целта да биде точката - вон Умопретставата,
Целта е кај зборот што е над секој звук!
Зошто се плашите да не го засакам злото?
Да не ги љубам демонските обреди.
Со надумни средства умот се шири!
Зошто да не создавам мит, „чудесна невистина“ - мит за новиот век?
Зошто не, средба со ирационални зборови?
Зошто предупредувањето: ако ти се јави
Нешто натприродно, отвори очи и извикај:
„Не сакам да го видам!
Не сум достоен да видам,
ако ова видение е од Бога“.
Зошто одвраќање од демонското заведување?
Му се дозволувам на она што се влива во мене,
што нурнува во телово.
Дозволете му на ликот на зборот сам да се образува!
Дајте ми упорност да не се плашам од опасности.
И од скок мртовечки.
Во непознатото и во неочекуваното
да не застанам на половина пат.
И да не паднам во малодушност, срџба и очајание!
Напор, вртлог и бесмисла, дајте ми -
да летам и да не паднам,
како тешка птица да летам право,
како гавран не кривејќи се, не виткајќи се...
Дајте ми волја, уживање, властољубие, себичност,
Љубов дајте ми!
Преумножете сè што ќе ме истроши.
И - да се ослободам!

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото