Пишување

24.02.2020 12:31

Кога мажите пишуваат
сите дома стивнуваат,
се однесуваат како да не постојат,
никој не смее да влезе во одајата за пишување.
Кога жените пишуваат
сите се ашкаат низ куќата,
внуките ги покажуваат најновите фустани,
тие се закачуваат некаде меѓу редовите на песната,
ќерката прашува: дали е доволна оваа сол за компирите што се варат
и тие се закачуваат некаде меѓу редовите
во компирите што се варат.
Кога жените пишуваат
мажите ги прашуваат за вратоврските: дали се добри за оваа или онаа пригода
комшивките бараат на заем брашно и јајца
за да испржат париски шницли
овие прашалници ги размрсуваат текстовите на жените што пишуваат.
Кога мажите објавуваат книги
сите дома прославуваат, жените прават торти,
другите од по дома купуваат вино и виски
и така сите се радуваат на новата книга.
Кога жените објавуваат
сите дома се исчудуваат
кога сето тоа е напишано – прашуваат.
Пепелашка, пепелашка го стори тоа -
одговараат жените што пишуваат.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото