Греј гус

22.12.2010 11:22
Бранко Тричковски

За време на последните собраниски расправи ја открив вотката „Греј Гус“ - феноменална пијачка која ми овозможи да ја гледам парламентарната помија, а да не се чувствувам како свиња.
Вината на „Тиквеш“ ме стимулираат да влезам во расправа. Пивото „Скопско“ ми прави стомачна сапуница од која ми доаѓа да повратам нови количества помија, а ракиите од Зелено пазарче ме тераат да го скршам телевизорот или да си ја задавам мачката.

Бранко Тричковски, „Глобус“, 21.12.10.

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото