Победничка песна на „Поетски конкурс посветен на погрешната војна против дрогите"

01.07.2021 13:16
Победничка песна на „Поетски конкурс посветен на погрешната војна против дрогите"

Како дел од глобалната кампања „Поддржи. Не казнувај! “ и по повод 26 јуни, меѓународниот Ден за борба против дрогите, ХОПС организираше поетски конкурс за изразување на оваа борба преку поезија.

 „Секој можеше да си ја искаже својата или нечија борба, соочување, тага, судбина, поврзана со погрешната војна против дрогите, преку поезија и да добие награда во висина од 150 долари. Оваа година победи Игор Поп Трајков“, соопштуваат од ХОПС.

 Игор Поп Трајков пишувал поезија уште во основно училиште, во осумдесеттите години на минатиот век и има објавувано песни во списанието „Наш свет“.

Првата долга драма „Што се случува под чаршафот“ ја напишал на возраст од 16 години. Досега неговото творештво опфаќа над 30 драми (вклучувајќи ги и едночинките), околу 1.000 страници поезија, есеистика, теорија, филозофија и се има испробано во сите области на публицистиката; особено впечатливи му се интервјуата со познатите интелектуалци, уметници и писатели, меѓу кои и  со Харолд Пинтер, Тери Џоунс и многу други.

 Телесен двојник

Мислев сѐ почнува, таму каде и завршува

За сѐ повторно да почне

За ученото да стане дел од нас

За ученото да е научено

За ученото да има силен глас

Да е над нас

Да е над сѐ во нас кое е без глас

За да се знае што да се прави

Кога се нема каде. Нѐ нема нас

Кои научивме. Текот на- ај заборави

Сѐ поправи

Онака како тоа некому одговара;

Злата судбина се воспостави.

Мислев дека кога сум дете

Сум нешто кое кон спознанието

Ќе ме однесе

Наместо тоа ветрот студен раснесе

Прашина која во видот ни се зари

За најважен да е оној со пари.

Видот е сега смрачен, сонце нема да озари

Снајди се така мораш

Најдобро е сѐ да пробаш.

Така и јас пробав

Бев дете иако млад станав

Верував дека да си среќен е важно

Убаво ми беше кога го купував

Она со она што го немав

По часовите на учење, дур од

Школото излегував, мислев најдобро

Е да се препуштам

Така среќен ќе станам.

Во лавиринтот розов навлегувам

Од школската чанта стаклени гуштерчиња извлекувам

И не престанувам, не престанувам

Дома моите ги замајувам

Колку ми оди.

Сега муабетот со сите ми оди

Разни нешта во себе внесувам, тоа годи

Имам пријатели за разни згоди

Не сум напнат како порано

Сега сум фраер, со друштво одбрано

И музиката и филмот сега ги доживувам

Не како порано

Сѐ кога ми беше замаглено

Од насилството домашно.

Ќе ми речете зошто почнав во себе да внесувам

Зошто не сум можел како сите со несреќно?

И јас сакам да ми е прекрасно

Ете зошто. Но за ова се сетив касно

Не смеам за ова да зборам гласно

Некој може да ме чуе

Да познае дека може да ме смести

Во соби проклети

Не да сум во моите лавиринти со процути.

... Од кои сега и јас сакам да излезам

Но кога таму барам, ми велат само да не земам

Од влезниците за ходниците

Туку сам дома да седам

Со никого да не се гледам

Никого да не пратам, никому да не продавам

Ќе ме фателе

Оние озгора за тоа ќе плателе,

Супи само да пијам

Морам сам да се заштитам.

Но бидејќи веќе не продавам

Сега многу должам

Кому да се пожалам?

Сите велат од нив да бегам,

Но тие секаде ме пратат

И по школо во дворот ми велат

Рака ќе ми скршат, череп протечат.

Многу ми е страв, дома да не дознаат

На улица да ме избркаат

Тогаш за да можат на раат да се тепаат

Рожбата единствена да не ги гледа.

Гуштерот кон мене прогледа

Структурата му проѕирна

Со боите од чантата се исполнува, дур виси

На неа со опашот прицврстен мисли

Дека не разбирам дека како мене

Сака да биде. Дур кон мене гледа

Јас по заобиколните патеки од

Школото избегав кон домот свој

Ил кон она што така е именувано.

Забележав дека кафеавото од

Чантата кон очите исполнуваше

Зеници стана,

А од копчињата бледи кожа настана

За понатаму

Сите делови на мене да прилегаат- рамена, колена

И така натаму, и така натаму...

Не се изненадив дека кога дома

Дојдов- вечерата ми веќе беше изедена

Спасителот мој јаде, се спрема

За бојот пресуден

Место мене убијците со опрема

Смртоносна да ги снема.

Се грижам јас за него, и тој е човек

Не сум како сите од овде

Не сакам да настрада,

Но кога во полиција пријавив

Ми рекоа дека многу ми се блада

Ме натераа дома да се приберам

И убаво наспијам.

По грмушки одам сал

Дома дур се враќам

Криејќи се во градот не мал

В кој порез страшен плаќам

За младешкиот ми сон неостварен.

Како просец престорен

Со капа од весник в домот си влегувам

Мртви тела на подот здогледувам

И едно рането...

Облека ми нема од шифоњерот

Ја зел добротворот мој

Како мене престорен е тој

И сега некаде во светов студен

Ме варди здогледот му пресуден.

Ранетиот рече мене ме познал

Од мафијата да ме прати пратен,

А кога дошол кај мене узнал дека

Другата банда веќе била стигната

Која родителите ми ги отепала,

А потоа со него се степала

И со останатите негови

Пукале, колеле, само коските

На ранетиот се уште живи.

Каде ли ми е мојот од гуштерите?

Да го честам, божествувам

Ние луѓето ги сакаме спасителите!

 

 

Слични содржини

Книжевност / Живот
Книжевност / Живот
Книжевност / Психологија / Живот
Општество / Книжевност / Живот
Книжевност / Живот
Книжевност / Живот
Книжевност / Живот

ОкоБоли главаВицФото