Што сонуваат уметниците

14.08.2021 17:14
Што сонуваат уметниците
 
Овој текст го пишувам во април 2020 година, изолиран поради вонредната состојба предизвикана од Ковид-19. Вече еден месец сум затворен во својот стан во Лондон. Воведени се строги правила за социјално дистанцирање, но на луѓето им е дозволено секој ден да шетаат или да вежбаат надвор, да одат во продавниците, но само за храна и во аптеките.
 
Во текот на секојдневните прошетки по паркот почнав да правам видео снимки на животни, кои може да ги видите на мојот Инстаграм. Целта е да се прашаат животните: шатките, кучињата, голубите, сите видови животни за нивните нереализирани проекти. Можеби треба да се прашаат и за нивните соништа!
 
Отсекогаш ме интересирале нереализираните проекти и соништата на уметниците , и ги документирам уште од деведесеттите години; во 1997 година, заедно со Гиј Тортоз ја напишав книгата Неизградени патишта во која се собрани 107 нереализирани уметнички проекти. Тие можат да останат нереализираи заради многу различни причини: затоа што се премногу големи или премногу мали за да можат да се реализираат затоа што се само утописки, или се цензурирани, или самоцензурирани, затоа што можат само делумно да се реализираат или на некој начин се заборавени...Истражувањето за нереализираните проекти е поврзано со димензијата на сонот, замислено како тежнеење, идеја или амбиција што ја негуваме. Собрав околу 4.000 интервјуа и разговори со уметници, во кои секогаш прашувам: „Кој е вашиот нереализиран проект, кој е вашиот сон?“. Всушност, зборот „сон“ има двојно значење, може да се однесува и на мисли, слики или сензации кои настануваат во нашиот ум додека спиеме.
 
Вториот проект, книгата под наслов Сонови, која ја направивме заедно со Франческо Бонами и „Фондацијата Сандрето Ре Ребауденго“, повеќе беше фокусиран на тој ониричен аспект. Фондацијата која неодамна ја прослави својата 25-годишнина ја основала Патриција Сандрето Ре Ребауденго во 1995 година со цел во фокусот да се доведат нови уметници кои доаѓаат на сцената. Честопати вистинските идеи се претвораат во неостварени соништа, нешто помеѓу носталгија и научна фантастика. Многу ретко размислуваме за своите сонови како за можности кои ѝ се потребни на нашата сегашност. Книгата Сонови ги истражува обата аспекти на соновите: идејата за неостварениот проект и тежнението што го негуваме, но и она што се случува во нашите глави додека спиеме. Патриција Сандрето Ре Ребауденго нè замоли Франческо Бонами и мене да направиме проект во Венеција, за време на 48-то Биенале на ликовна уметност, под кураторство на Харалд Земан, во чест на раѓањето на новата зграда што во Торино ја изгради Клаудио Силвестрин, така дојдовме до идејата да направиме книга во која би ги собирале соништата на уметниците. Испечативме само 50.000 примероци и бесплатно ги поделивме во текот на Венециското биенале. Таа идеја да бидеме великодушни, да ја шириме уметноста, уметност за сите – на многу луѓе, особено на студентите кои немаат пари да ја купат книгата им овозможи да дознаат за оваа идеја. Идејата патуваше низ времето и сега, на некој начин, стана инспирација за Сонувачи.
 

 Ханс Улрих Обрист

Одрекување на суеверието

Разговаравме со уметниците и баравме од нив да ни раскажуваат за своите соништа и нивните одговори ги објавивме во таа книшка.

Марина Абрамовиќ сонувала дека нејзиниот брат Велимир купил атомско засолните во Амстердам од некој Ерменец. „Засолништето беше направео од црвена тула и имаше многу влезови. Беше длабоко под земја“. Во овој случај тоа е сон на мислите, слика и сензација која се случува во текот на спиењето.

Даг Ејткен сонувал за „планина без врв“. Повеќето уметници заправо зборуваа за своите сонови како за ониричка состојба, некои пак ги сфатиле како неостварени проекти, но некои уметници зборуваа за некој вид тежнеење, каде соновите може да бидат некое ново сценарио, надеж или начи на создавање на нова стварност.

Сонот на Луиз Буржоа беше „сонот за одрекување на суеверието е ноќен кошмар“. Мурицио Кателан рече: „Проблемот е што никогаш не сонувам зашто никогаш не спијам“. Олаф Елијасон два пати сонувал дека умрел. Сонот или нерелизираниот проект на Катарина Фрич бил да изгради многу убав фабрички оџак висок 12 метри во центарот на сообраќаен остров.

Гилберт и Џорџ за сонот кажаа: „Ако јадете сирење – ќе сонувате, колку е потврдо сирењето толку подобар ќе биде сонот“. Хуанг Јонг Пинг, кој за жал неодамна почина, сонувал палата. „На покривот има некакво железо. Во осмиот дел удира гром. Бојата од сребрена се претвора во длабоко златна. Бог вели тоа е реинкарнација“. Ку Џаонг А рече: „Би сакала да видам некој што има парче облак кој кружи над Торино“.

Стив Маквин напиша: „Во моите сонови сонувам дека ми се брише сеќавањето секој пат кога ќе видам, помирисам или почувствувам убавина. Повторувањето е радост“. Според Анет Месаже: „Ако го напишете зборот rever на француски јазик (франц. rever, сон) наназад тогаш добивате rever“. Многу е убаво што всушност тој збор е палиндром, може да се прочита од која било страна. „Може да се сонува за многу нешта...Зборот кој значи исто, било да го читате од напред кон назад или обратно! Само кога ќе се разбудите го знаете сонот од изминатата ноќ, подоцна кога ги составувате ги искривувате...Иако ми е важно да мечтаам, всушност во сонот можам да станам животно, жена, лекар, дете, уметник...Соновите на јаве се многу активни, исполнети со живот и ме држат во кондиција“.

Сонот на Габриел Ороско е да живее доволно долго за да доживее Мексико да го освои светскиот куп. Микеланџело Пистолето сонувал дека додека шетал, сретнал едно големо црно куче кое лежело покрај патот: „Гледајќи како доаѓам, ја подигна главата, ме погледна и рече: ‘Здраво Микеланџело’, на тоа одговорив: ‘Од каде знаеш дека се викам Микеланџело? Ми одговори: ‘јас се викам Микеланџело“.

Емилио Прини испрати телеграма: „Cari Obrist e Bonammi, vi voglio tante bene e mi dico vostro figlio affezionatatissimo, Emilio“. (Драги Обрист и Бонами, многу ве сакам и сум ваш верен син. Емилио).

Сонот за хиперсонот

Пипилоти Рист сонувала дека е уредничка на издавачка куќа за порнографски брошури. Волфганг Тилманс сонувал: „Лек против сида или уште подобро вакцина против ХИВ, за да засекогаш се прекине болната врска помеѓу љубовта, сексот и стравот“. Розмари Торкел кажала: „Мојот голем сон е да завршам со соништата, но да верувам дека сонувам“.

 Во 1999 година, времето кога е објавена книгата, не сонував многу затоа што и не спиев многу. Тогаш околу 2000-та година ја запознав Елен Сиксу, големата француска писателка. Во тоа време таа работеше на книгата Сонувај, ти велам во која ги испишувала своите сонови, во воведот таа пишува: „Ми ги раскажуваат своите приказни на нивниот јазик, во самрак, сите слични или скоро исти, половина нежни, половина сурови, пред кој било ден, кој било час. Не се будам, сонот ме буди...“

Нејзиниот чин на запишување на соновите е инспириран од романот Хиперсон, кој на крајот говори за смртта. Се работи за прашањето: Што ако смртта не е крајот на животот? Хиперсон зборува за крајот на тоа верување; тоа е книга за времето, староста, љубовта и најголемата загуба. Се работи за прашањето или дури за мигот на смртта. Тоа е книга на жалост зашто во неа таа ја оплакува својата мајка и нејзиниот пријател Жак Дерида, кој почина во моментот кога се објавуваше книгата. Ја спојува трагедијата со комедијата, тоа е романса.

Книгата почнува со смртта на мајката, затоа како таа продолжува да живее. „Живеам понатаму и затоа губам, си велам себе си, ‘напаѓам’ како што велат, се напаѓам себе“. Починала нејзината мајка, умрел и Дерида, нејзиниот најдобар пријател. „И токму во такви времиња, кога ќе се изгуби сè, конечно го пронаоѓам одговорот на смртта, патот кон среќата преку болка: ова не е сон, ова е нешто друго: хиперсон. Тоа е дефинитивно сон којшто сега ни е потребен“.

 

Извор: Политика

 
 
 
 

  

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото