„Нуспојава: смрт“

05.01.2011 11:43
skrsen-krst.jpg

Некои од нас секој ден во себе бутаме куп лекови, а потоа одиме од лекар до лекар и го бараме оној кој ќе нè симне на седум од десетте таблети кои ги голтаме. Лекарите се со тврдо срце. Секогаш ќе ти бутнат уште еден лек кој ќе ти помогне да не цркнеш од оние седум кои веќе ги пиеш.

Тука е и интернетот. Сурфаш, сурфаш, целиот свет се лечи со исти лекови, разликата е само во имињата и во цените.

Во последно време се популарни книгите за луѓето во бели мантили. Дали е можно нашите спасители во толкава мерка да се корумпирани?

На пациентите им препишуваат сешто само за да добијат провизија и да отидат на семинар во хотел покрај кој има коцкарница и бордел? Регистрирањето на „новите лекови“ е најчист криминал. На веќе постојниот, проверен стар лек само му го менуваат името, по некој молекул и цената. За тоа секојдневно пишуваат странските медиуми, за нашите тоа воопшто не е тема.

Кога од својот лекар ќе го добиеш „новиот“ и „поефикасен“ лек мораш да изигруваш будала и да бидеш благодарен. Господинот доктор ги следи најновите достигнувања во медицината. Ниту во лудило не смееш да му признаеш дека на свој трошок си се вратил на „стариот“ и „неефикасен“ лек кој има подносливи нуспојави.

Моментално во Хрватска се труби за „новиот“ лек за дијабетичари. „Стариот“ инсулин е аут, а новиот, затоа што е поскап, веднаш е „подобар“. Дијабетичарите ширум светот многу често се експериментални зајачиња зашто станува збор за големи пари.

Човечкиот век се продолжи многу. Ние, членовите на клубот 60+ сме вистински среќници. Пред дваесет години да имавме шеесет ќе лежевме под камена плоча. Вака, благодарение на модерната медицина, нè тресе фибрилација, страв од смртта, страв од лековите, страв од животот. А кога пред спиење ќе ја прочитаме исповедта на човекот кој триесет и пет години работел во фармацевтската индустрија веднаш лапнуваме три хелекси.

Зошто пишувам за оваа мрачна тема? Тукушто ја прочитав книгата на д-р Џон Вирапен „Нуспојава: смрт“. Книгата ги потврди сите мои паранои. Никој од оние кои произведуваат лекови не се грижи за ништо освен за профитот. Заработуваат повеќе од сите мафии на овој свет заедно.

Џон Вирапен триесет и пет години работел во меѓународната фармацевтска индустрија Eli Lilly&Co во Шведска. Тој тврди дека фармацевтската индустрија потплатува повеќе од 75% од водечките научници од областа на медицината и дека постојано измислува нови болести. Во последно време сè повеќе се насочува кон децата кои се прогласуваат за „хиперактивни“ или „недоволно концентрирани“.

Што во книгата пишува за прозакот подобро да не знаете. Ако го пиете веднаш престанете, ако лекарот ви го понуди отфрлете го или рецептот фрлете го во ѓубре. Не, прозакот не ја лечи депресијата, не го поправува расположението, но често поттикнува на убивање или самоубиство. Не му го нудете ниту на деца.

Секој кој слепо им верува на лекарите и на модерната медицина би морал да ја прочита книгата „Нуспојава: смрт“. Нарачајте ја директно од издавачот, Омега лан, чини стотина куни. Во книжарниците е речиси двојно поскапа. Не ми платија за оваа реклама. Сите би морале да знаеме со кого си имаме работа.

Знам, не е лесно преку ноќ да дознаеш дека твојот лекар е трговец кој живее од провизии и за провизија. Нè научија дека мораме да им веруваме на учителите, на свештениците и на докторите. Крајно време е да откриеме дека учителите на децата им делат единици за да одат кај нивните пријатели на часови, свештениците никогаш не можеле да одолеат на волшебниот повик на парите, а лекарите на фантастичните понуди на фармацевтската мафија.

Ни треварите не се она што некогаш беа. Агресивно се рекламираат на сите страни, ти праќаат пакетчиња трева на домашна адреса, за притисок, за рак, за цироза, за бубрези, за колена, за врат, за коса, за воспаление на јајцата и на јајниците. Ќесата ја плаќаш при преземањето, но на неа не пишува како се вика сеното што мора да го ставиш во вода. Никој жив не ги контролира.

Во книгата прочитав дека фармацевтската индустрија воопшто не се труди да испита како „новиот лек“ навистина дејствува. Ако од него во светот навистина умрат премногу луѓе тогаш го повлекуваат, ќе се договорат со роднините околу отштетата, па повторно го пласираат на пазарот под друго име и за друга болест. Она што пред десет години „лечеше“ притисок денес „лечи“ зголемена тежина. Роднините ги бројат умрените.

Мала дигресија. Овие денови во малата сала на Лисински се одржа „Концерт со Претседателот“. Беше наречен „ADHD и јас“. Собрани се 178.000 куни „за децата со посебни потреби“. Што Џон Вирапен напиша за ADHD?

Кратенката ADD значи нарушување со намалување на вниманието (англ. Attention Deficit Disorder) Ако се додаде хиперактивноста тогаш тоа се нарекува ADHD.

Оваа болест многу успешно се прогласува, во училиштата е позната речиси како и настинката. Како што секое дете може да настине во некои мигови вниманието му попушта, има плачливи фази, дрско е или сосема едноставно: сè уште не го усвоило социјалниот идеал на мирно седење во стол.

Вирапен тврди дека ADHD е измислена болест, однесувањето кое фармацевтската индустрија денес го третира како „болест“ е нормално однесување, а „лечењето“ на децата со таблети кои ќе им помогнат го толкува како труење.

Залудно. ADHD е целосно во тренд. Родителите повеќе им веруваат на лекарите отколку на здравиот разум. Оваа книга ме погоди иако фризерката Александра ми рече: „Смирете се, одамна е кажано, медицината е тука за да ги забави работите додека природата не го стори своето“.

Прочитајте ја „Нуспојава: смрт“. Можеби токму вас природата ќе ви го направи своето со задоцнување.

Извор: rudan.info

Што би се рекло, денес

Што би се рекло, денес медицината отиде многу напред, за секој лек измисли болест! Затоа, природно си е природно.

Ова е интересно, неука 60+

Ова е интересно, неука 60+ госпожа чита една книга и сега е експерт за лекови, плус свесна дека од тие лекови дотерала повеќе од 60 год.

Неука +60? А бе Змејко, бе

Неука +60? А бе Змејко, бе Змејко, лапај апчиња и немај гајле, ти ни пред 60, а богами ни после нема да мораш да мислиш, апчињата ќе те спасат.

Постојано се прашувам кој е

Постојано се прашувам кој е најисплатливиот бизнис денес!Се мислам помеѓу трговијата со луѓе,трговијата со оружје,трговијата со тутун,трговијата со дрога...Многу често како фаворит,низ главата ми се мота трговијата со лековите!Таа е бесшумна,најчесто легална,иако неретко и отровна,убиствена!Не случајно се појавија лекари,кои,покрај тоа што тврдат дека СИДА-та е вештачки создадена болест,изнесуваат и податоци дека најголемиот број пациенти починале заради повреди и проблеми со хепарот,кои ги предизвикува лекувањето,најчесто,во форма на експеримент и натпревар на фармацевтската индустрија за освојување на пазарот!

Сарс, птичји грип, свински

Сарс, птичји грип, свински грип... Колку само вакцини се шитнаа... Мааалеее...

ОкоБоли главаВицФото