1012 hPa
78 %
20 °C
Скопје - Пет, 04.10.2024 13:59
Замислете си како би било, кога под дејството на чудо во една зимска ноќ би исчезнале сите грди споменици и градби од „Скопје 2014“ – без трага и глас! Замислете си го чувството кога градот би се разбудил ослободен од тиранијата на невкусот и на лажниот мермер. Кога некое чудо Скопје би го ослободило од неговата „заробеност” во канџите на „Скопје 2014”.
Каква творечка, вистински визионерска архитектонска енергија би се ослободила во оној миг кога плоштадот како со волшебно стапче би се вратил преку ноќ во состојбата во која се наоѓаше пред „Скопје 2014“! Кога како во сите нормални држави, надлежните министри во едно такво чудесно утро би ги известиле граѓаните дека со парите кои биле планирани за „Скопје 2014” сега во долгорочен план во секое македонско село ќе било изградено ново училиште, а во секој поголем град најмалку две-три книжарници и најмалку една библиотека.
Кица Колбе, Дојче Веле, 15.11.21.