Осаменост

13.01.2022 12:25

Жолти драперии жолта таписерија жолти перзијанери
жолти игри на жолти линии
во жолто
жолто око се вџашува од жолт таван
со рамнодушност жолта

Една жолта прекршеност ги распнува
градите
и жолти сенки во полумракот на аглите
прават жолти гримаси
како маски
жолти трески во жолти помрачувања на свеста
носат жолти визии и соништа
мириса жолта земја
и жолт чад
и некој кове жолти шајки во жолти штици

Можеби осаменоста го разјадува мозокот
или шепотот сè уште жив во слухот
или насмевот тивок
жолта гостинка седнува на жолта фотелја
со жолта прекршеност на духот
и жолт восок

на жолта маска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото