Па што не се занимаваше со Тетово додека беше градоначалничка?

13.02.2022 22:58

Во градот во кој нема вода за пиење, кој се задушува од ѓубре и смог, во кој не функционира ни паркинг ни нормален сообраќај, на локалната власт од ДУИ ѝ биле поважни хонорарите на луѓето што ќе ѝ донесат гласови, па таа партиска лојалност ја купиле со 900.000 евра за хонорари од општинскиот буџет. А централната власт му префрлаше пари на Тетово да ги намали долговите. И ова не го прават командантите од ДУИ. Ова го прави интелектуалното крило, учените луѓе како Теута Арифи која имаше амбиции да стане амбасадорка во Вашингтон. А ако не стане, може и ќе падне коалицијата. Па уште и му одговара на Касами помалку да се занимава со неа, а повеќе со Тетово. Па таа што не се занимаваше со Тетово додека беше градоначалничка?

Горан Михајловски, 11.02.22., СДК