Сојузниците се поделија околу исфрлањето на Русија од Свифт системот

25.02.2022 16:16
Сојузниците се поделија околу исфрлањето на Русија од Свифт системот

Отстранувањето на Русија од Свифт системот би го направило речиси невозможно префрлањето пари во и од оваа земја, што би предизвикало ненадеен шок за руските компании и нивните странски клиенти - особено купувачите на нафта и природен гас деноминирани во американски долари.

Што е Свифт?

Свифт (Друштво за светска меѓубанкарска финансиска телекомуникација) е главен систем за размена на пораки кои ги користат банките за брзи и прекугранични плаќања, овозможувајќи непречено одвивање на меѓународната трговија. Во 2020 година секојдневно се реализирани околу 38 милиони трансакции преку платформата Свифт, што овозможи извршување работи вредни трилиони долари.

Кој е сопственик на Свифт?

Свифт, основан во седумдесеттите, е здружение на илјадници институции членки кои ја користат услугата. Со седиште во Белгија, останува неутрален во трговските спорови, а главно се води како услуга за своите членови.

Зошто забраната за Свифт би била толку сериозна?

Да повториме, отстранувањето на Русија од Свифт системот би го направило речиси невозможно префрлањето пари во и од оваа земја, што би предизвикало ненадеен шок за руските компании и нивните странски клиенти - особено купувачите на нафта и природен гас деноминирани во американски долари. Вообичаените трансакции би требало да се спроведуваат директно помеѓу банките или би морале да се насочат преку нови конкурентски системи, зголемувајќи ги трошоците и предизвикувајќи доцнења.

Состанок на Европскиот совет

Зошто САД се колебаат да ја спроведат забраната?

Една од причините е тоа што влијанието на руските претпријатија можеби не би било толку сериозно. Челникот на големата руска банка ВТБ неодамна рече дека би можел да користи други канали за плаќање, како телефон, апликации за размена на пораки или е-пошта. Руските банки исто така би можеле да ги насочуваат плаќањата преку земјите кои не воведоа санкции, како што е Кина, која постави сопствен систем за плаќање како конкурент на Свифтот. Забраната Русија да го користи Свифтот би можела да го забрза користењето на кинескиот конкурентски систем Ципс. Исто така владее страв дека тоа би можело даму наштети на статусот на американскиот долар како глобална резервна валута и да го забрза користењето алтернативи како што се криптовалутите, пишува Гардијан.

Дали Свифт забраната би влијаела на другите земји?

Администрацијата на Бајден исто така е загрижена дека забраната би можела да им наштети на нејзините сојузници колку и на руските компании. Русија е голем купувач на странска стока, особено од Холандија и Германија. Русија е главен добавувач на сирова нафта, природен гас и цврсти фосилни горива во Европската унија, а европските земји потешко би можеле да пронајдат заменски добавувачи.

Веќе и самите најави за исклучување од Свифт системот предизвикаа остри реакции од руска страна. Високи руски претставници одговорија дека ако се случи тоа ќе ја запрат испораката на нафта, гас и метали во Европа. „Ако Русија биде исклучена од Свифт системот, тогаш нема да примаме (странски) валути, но купувачите, пред сè европските земји, нема да ја добијат нашата стока - нафта, гас, метали и други важни компоненти“, рече Николај Журављев, потпретседател на горниот дом на рускиот парламент.

Дали Свифт е обврзан да спроведува санкции?

Во минатото Свифт системот се противеше на повиците да воведе забрана на одредени земји, опишувајќи се како неутрален. Но во 2012 година Европската унија му забрани на Свифт системот да им пружа услуги на иранските компании и поединци кои се санкционирани во врска со техеранската нуклеарна програма. Гласноговорникот на Свифт одби да каже како ќе одговори организацијата на какво било американско барање за санкции кон Русија, пренесува Ројтерс.

Превод: Алек Кузмановски

Извор: https://www.tportal.hr/

 

ОкоБоли главаВицФото