1011 hPa
55 %

16 °C
Скопје - Нед, 20.04.2025 20:59
za Jean Aristeguieta,
za Arbol de Fuego.
Пишувајќи,
прашував, губев.
Во оваа ноќ, во овој свет,
гушкајќи те,
радост на бродолом.
сакав да ги жртвувам своите денови и недели
за обредите на песната.
проколнував толку
од дното на сите длабочини
на сопственото пишување.
Не постојат придавки за ебење и умирање.
1972.
Превод: П. В.
Алехандра Пизарник (шп. Alejandra Pizarnik; 1936—1972), родена како Флора Пизарник (шп. Flora Pizarnik), била истакната аргентинска поетеса и една од најзначајнијите латиноамерикански поетски личности во 20-иот век. Њејзиното поетско дело, кое за смета за неонадреализам, изразува дух на бунт кој се граничи со себеуништување.
Студирала филозофија и книжевност, а одела и на часови по сликарство. Песни започнала да пишува уште како адолесцентка. Во првата пловина на шеесеттите години живеела и работела во Париз, каде што ја напишала својата најзначајна стихозбирка — Дрвото на Дијана (1962). По враќањето во Буенос Ајрес, објавила уште три клучни поетски дела: Дејности и ноќи (1965), Вадење на каменот на лудоста (1968) и Музички пекол (1971).
Починала во 36-та година од животот од прекумерна доза на барбитурати.