Од немајкаде

27.10.2022 10:32

Од немајкаде глави ведневме
Сабјата ќе ни ги исече синки
Од немајкаде политики бистревме и води матевме
Бајрактари на лоза, зелка и џимиринки
Од немајкаде очи копавме и души вадевме
На туѓо гајле берачи низ родни ниви влекачи
Затскриени зад смоквин лист
Некаде меѓу немајкаде и немукает
Призмата на нашите пизми тука е
Мајтап мајстори, тапани растропани, зависници од завист
Од немајкаде мајките си ги продадовме
И в мајчината се здадовме
Па заматено сега чмаеме
Точка измолзена од засирен кист

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото